Прирачник за личен и професионален развој: „Tip of the Week“

Секој четврток, од 2010 година, трпеливо и со голема посветеност авторите Петар Лазаров и Калин Бабушку ги објавуваат неделните совети и бесплатно ги дистрибуираат до повеќе од 20.000 читатели, преку својата дата база и неколку веб-портали во Македонија. Напишано од двајца локални деловни луѓе, тие го пренесуваат своето лично професионално искуство, во комбинација со искуството, знаењето и перспективите од други интернационални професионалци.

Untitled-1

„Уште од самиот почеток на проектот, беше планирано да се издаде едитирано издание кое ќе биде сублимат на некои од најинтересните совети што сме ги напишале“ – вели Петар Лазаров, еден од авторите.

За таа цел, ова издание содржи обработено (скратено и конципирано) селекција од нивните први 50 неделни совети. Корисно за секого, со лесни и едукативни текстови, прирачникот „TIP OF THE WEEK“ обработува теми од секојдневниот живот, коишто ќе ви помогнат да си го подобрите вашето лично и професионално работење. Малите и практични совети во него, поттикнуваат на размислување како да се справите со предизвиците на новото време.

„Од секој аспект на развој и реализација на овој производ се трудиме да внесеме нестандарден и креативен пристап, за што велиме дека е „360° ино-производ“ – вели авторот Калин Бабушку.

Проектот „прирачник – Tip of the Week“ е развиван повеќе од една година, низ чии фази на развој, тимот на Македонија-Експорт пробува да внесе иновативна нота, од секој аспект. Иновација во планирање, иновација како производ, цена, иновација од аспект на пакување и структура.

Исто така прирачникот користи и иновативен маркетинг пристап, Социјално Одговорен Спонзорски модел (поддржан од Кока-Кола, МАМАс и Полијестердеј) кој овозможува цената на прирачникот да биде пристапна за секого.

Прирачникот е наменет за секого. Голем број македонски компании (Витаминка, Порше, Комерцијална Банка, Прилепска Пиварница, ЕЛЕМ, ВИВА и други) го имаат обезбедено за своите вработени, уште пред да биде пуштен во официјална продажба. За индивидуална продажба, прирачникот може да се најде во книжарите на: КУЛТУРА, МАТИЦА, ТРИ, ТАБЕРНАКУЛ и ИКОНА, како и преку интернет порталите www.ex.mk и www.kupikniga.mk.

Другите кажаа…


„Оваа книга нѐ учи како се станува среќен човек.“ – Венко Андоновски, Професор и писател

„Tip of the week нуди современи и практични идеи“ – Д-р. Златко Муцунски, ПОРШЕ – Македонија

„…прирачник за секој што сака да оди напред“ – Сашо Наумоски, А.Д ВИТАМИНКА

„…прекрасно универзално четиво“ – Гордана Михајловска, КАПИТАЛ Медиа Гроуп

„Практично, корисно за сите нивоа во една организација“ – Поликарп Арсеновски, WRIGLEY Македонија



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.