Подаруваме Eucerin EVEN BRIGHTER ноќна крема

Секоја жена посакува убава и здрава кожа, која блеска со природен сјај. Беспрекорно лице, деколте и раце со рамномерен тен, се мечта на секоја жена и основа на личната самодоверба. Меѓутоа, поради различни причини, меѓу кои и интензивното УВ зрачење, многу жени денеска се соочуваат со нарушувања во пигментацијата, предизвикани од прекумерното лачење на меланин.

Научниците од истражувачкиот центар на Баерсдорф во Хамбург долго време го истражуваа овој проблем, тестирајќи ја активната состојка за осветлување B-Resorcinol, која даде одлични резултати. Токму таа е клучната состојка на новата иновативна колекција од Еуцерин – EVEN BRIGHTER CLINICAL, која ја спојува ефикасната заштита и нега на кожата, овозможувајќи прекрасна и мазна кожа со рамномерен тен.

podaruvame-eucerin-even-brighter-nokjna-krema-kafepauza.mk

Колекцијата EVEN BRIGHTER е дерматолошки тестирана и докажано е дека влијае за порамномерен и посјаен тен, по само 4 недели редовна употреба.

Се состои од 4 производи специјално креирани за потребите на потрошувачите:

  • дневна крема
  • ноќна крема,
  • серум-концентрат
  • коректор на дамки

[message_box title=”” color=”yellow”]Опишете како делува ноќната крема од колекцијата Eucerin EVEN BRIGHTER во делот за Фејсбук-коментари. Со тоа имате шанса да ја добиете кремата на подарок. Добитникот ќе го прогласиме на 22.04.2014, вторник. Прочитајте повеќе за колекцијата ОВДЕ или пак информирајте се преку официјалната Фејсбук-страница на Еуцерин Македонија.[/message_box]