Почна Новогодишниот караван на Фондацијата Телеком за Македонија

Волонтери од Македонски Телеком ќе им донесат радост на 2000 деца низ Македонија

1-pochna-novogodishniot-karavan-na-fondacijata-telekom-za-makedonija-kafepauza.mk

Денес во Детската клиника во Скопје почна традиционалниот Новогодишен караван на Фондацијата Телеком за Македонија. Караванот, кој се одржува веќе тринаесет години, годинава ќе израдува над 2000 деца низ Македонија.

Организиран од волонтери, вработени во Македонски Телеком, Новогодишниот караван ќе ги посети најранливите групи на деца: деца без родители, деца со посебни потреби, со оштетен слух и вид, деца со инвалидитет, деца од социјално загрозени семејства и болни деца сместени во здравствени институции.

Дружењето со децата и дарувањето е традиција за вработените во Македонски Телеком и овој период на годината за нив е асоцијација за Новогодишниот караван. Некои од нив се дел од оваа хумана активност со години, а годинава караванот ќе го реализираат над 50 волонтери.

Од денес, па сѐ до крајот на декември ќе делат Новогодишни пакетчиња и ќе организираат претстави во семејства и институции. Секоја година се менуваат институциите за да се посетат што повеќе деца, со една цел да им се донесе радост и Новогодишна атмосфера на оние деца на кои им е најпотребно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар