Pickbox ви ја носи комплетната серија „Ѕвездени патеки: Нова генерација“

Pickbox ви ја носи комплетната серија „Ѕвездени патеки: Нова генерација“

Пред неколку дена низ светот е пуштена информација дека ќе се снимаат нови „Ѕвездени патеки“, а љубителите на оваа култна серија сè уште не се созедоа од радост. Ќе почекаме уште малку до јануари 2017 година, кога ќе биде прикажана премиерата на новата серија, а дотогаш правете само едно: следете ги авантурите на најпознатиот вселенски екипаж од „Новата генерација“, во целост достапни на Pickbox. Добитник на 18 награди „Еми“, сосема заслужено!

Сигурни сме дека во душа ги познавате капетанот Пикард и неговиот екипаж, но нема да можете да одолеете да дознаете уште некои детали што беа составен дел од секојдневието на екипажот на „Ентерпрајз“.

1-pickbox-vi-ja-nosi-kompletnata-serija-dzvezdeni-pateki-nova-generacija-kafepauza.mk

Што има на менијата светлосни години подалеку

Се прашувате каков е животот на вселенскиот талкач? Со репликаторот – најдобар што е можно! Само замислуваш што би јадел и молекуларната наука ти го овозможува тоа. Апаратот од којшто излегува сета можна храна на овој свет е сон на секој гурман, а и на оние што сакаат да јадат, а не и да готват. Пикард редовно нарачува топол „ерл греј“, а еднаш послужува и буларијански закуски (крекери со чуден изглед што многу дебелеат), Ворф е луд по сокот од сливи, а неретко се честат и со вистинска богата гозба. Се надеваме дека сериозно се работи на овој изум!

Модата на 24-тиот век неодоливо потсетува на деведесеттите

Облеката на 24-тиот век навистина е минималистичка, но тоа повеќе би можело да им се припише на униформите на самата флота којашто секогаш е едноставна, практична и удобна, а помалку на модните изгледи на другите видови. Секако, на момент ќе го игнорираме фактот дека капетан Пикард на планетата Риса носеше малечки розово-сини гаќички од латекс.

2-pickbox-vi-ja-nosi-kompletnata-serija-dzvezdeni-pateki-nova-generacija-kafepauza.mk

Жените често носат комбинезони коишто, освен во деведесеттите, кај нас дојдоа во мода пред неколку години. Меѓутоа, расите што нашите патници ги среќаваат, можат да се пофалат со малку повеќе фантазија и нивните храбри креации успеаја многупати да нè насмеат. Иако облеката во која се облечени вонземјанските амбасадори наводно е футуристичка, денес кога малку ги набљудуваме „Ѕвездени патеки“, со своите широки кроеви и со светкавите надуени материјали, таа најмногу нè потсетува на раните деведесетти.

Иновативни технологии од Ѕвездени патеки

Освен што „Ѕвездени патеки“ ги инспирираше оние што бубаат да станат научници и изумители, технологијата што во секојдневниот живот се користеше на „Ентерпрајз“ влијаеше и на нашето модерно време. Така, видовме старински верзии на паметните телефони, таблети, ГПС, безжични предаватели, универзални преведувачи и така натаму. Уредот што го користеа за скенирање на биолошки, геолошки и метеоролошки аномалии се викаше трикодер и во вселената беше многу корисен за мерење на нивото на кислород или за детектирање на потенцијална опасна зараза на некоја планета. Во 2012 година, еден професор од Универзитетот во Онтарио направи прототип на таков уред што ги скенира магнетните полиња и којшто ни овозможува да ги откриваме невидливите појави што се наоѓаат околу нас. Бидејќи дури сега живееме во време што „Ѕвездените патеки“ го предвидоа во седумдесеттите, се надеваме дека новите „Ѕвездени патеки“ ќе ни претстават некој уред што до обичните луѓе ќе стигне по неколку децении. Кога веќе толку многу работи се измислени, ќе мораат добро да се потрудат. Кога ќе дојде тој транспортер?

3-pickbox-vi-ja-nosi-kompletnata-serija-dzvezdeni-pateki-nova-generacija-kafepauza.mk

Најинтересните видови од длабоката вселена

Во длабоката вселена се сретнавме со разни видови, а некои од вонземјаните беа навистина… чудни. Било да се работи за Ференгите со шилести заби и со големи уши што има служат и како ерогени зони, за Клингонците и нивните грбави чела, за Кардасијанците со нивните змејовидни израстоци на лицата, за Андоријанците со пипала и со сини чела, на нашиот екипаж никогаш не му беше здодевно при средбите со новите видови. Новата генерација доведе и нов вид на нашите екрани, а секако се работи за киборзите Борг. Таков вид и такво заедништво вселената немаше видено, а тука се за да ја проценат нашата земска реалност и фактот дека технологијата полека но сигурно ќе тргне во правец на поробување на нашите тела. Сами проценете дали сме на тој пат или дали за да дојде до тоа ќе ни требаат уште неколку стотини години.

4-pickbox-vi-ja-nosi-kompletnata-serija-dzvezdeni-pateki-nova-generacija-kafepauza.mk

Кои серии да се гледаат по „Ѕвездени патеки“?

Кога ќе завршите со сите сезони на „Ѕвездени патеки“, на Pickbox ве чекаат не помалку интересните „Ѕвездена порта СГ-1“, „Ѕвездена порта: Вселена“ и „Ѕвездена порта: Атлантис“. За сите оние што преферираат СФ-серии чие дејство се одвива на Земјата, тука се „Екстант“ со Хали Бери, „Хеликс“, „Агентите на ШИЛД“ и „Супермоќи“ кои се снимени според стрипот на Марвел.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар