Pickbox побогат за пет нови серии

Pickbox побогат за пет нови серии

Со веќе одличната досегашна понуда, на Pickbox наскоро му се придружуваат уште пет наслови на серии. Од 8.8. гледајте ја серијата Спаси ме, која го обележа почетокот на 2000-тите, новата адреналинска црна комедија Бесни кучиња, која се случува во Белизе, психолошкиот трилер Избран со Мајло Вентимиглија во главната улога, фантастичната серија Изгубена девојка, потоа серијата Заштитник во која главната улога ја толкува славниот Сајмон Бејкер, како и новата епизода на серијата Моќ во која ѕвезда е Фифти Сент. Со сето ова, на Pickbox ќе пристигнат и уште 24 нови филмови.

1-pickbox-pobogat-za-pet-novi-serii-kafepauza.mk

Спаси ме (Rescue me)

Момчињата од оваа серија не се развиените типчиња од насловните страници на списанијата, туку храбри момци кои се борат со огнот. А секој што се пресметува со огнените јазици и секојдневно го ризикува животот ја заслужува нашата почит. А освен тешкото секојдневие во пожарникарската станица, Томи Гавин (Денис Лири) го мачат и еден куп други работи. На пример, типовите со кои се дружи неговата бивша и трите деца кои треба да пораснат со сето тоа. За да има што подобар надзор врз ситуацијата, тој нема друг избор освен да се пресели во близина на бившата и да ја надгледува ситуацијата.

Трагикомедија спакувана во паметно сценарио и потоа презентирана така што ќе можеме да ги видиме вистинските луѓе во вистински ситуации, а не серија која изгледа вештачки. Чиста петка.

Бесни кучиња (Mad Dogs)

Една група пријатели во Централна Америка не ја чека одмор од соништата, туку вистински пекол. Тоа на што не се подготвиле а требале е трката со времето, валканите пари и луѓето со опасни намери. Тука има и дрога, украдени јахти, убиства и толку живописни криминалци кои не би можеле да ги најдеме ни на Балканот.

Како овие средовечни ликови кои живеат удобен живот полн со рутини ќе успеат да се снајдат оставени сами на себе, дознајте во црната комедија која ќе ве изненади на неколку начини. Само да му побегнат на човекот во костим на мачка и сѐ ќе биде во ред. Или не? Се препорачува да се гледа во мрак.

2-pickbox-pobogat-za-pet-novi-serii-kafepauza.mk

Избран (Chosen)

Да се биде избран за нешто може да биде одлична работа. На пример, кога си избран на лото. Или кога си избран за некое прекрасно патување. Сепак, тука се работи за малку поинаков вид избраност и нашиот избран (Мајло Вентимиглија) е помалку среќен кога пред неговата врата му стигнува кутија со пиштол и со упатства кој човек мора да го убие во рок од три дена ако сака да се спаси себеси и своето семејство. Ако ова не ви звучи доволно изопачено, тогаш треба да ја гледате целата серија затоа што приказната оди подалеку и открива уште полуди детали.

Одличната актерска постава на овој динамичен трилер ја надополнува и Чед Мајкл Мари, кого сакавме да го гледаме во тинејџерската серија „Ридот со едно дрво“. Општо земено, луда серија и напнатост на сите можни страни.

Изгубена девојка (Lost Girl)

Можеби уште не знаете што е судир, но по оваа серија ќе бидете полни со сознанија за овие натприродни суштества кои имаат една моќ. Или можеби маана, зависи како гледате. Имено, судирите сакаат да го исцедат животот од своите сексуални партнери. Буквално го исцицуваат од нив. А Бо (Ана Силк) е девојка која оди во средно училиште, има родители (кои ја посвоиле) и нема поим дека всушност не е човечко суштество. А кога ќе дознае, ќе има уште многу сексуални партнери, многу бегање, а за нас многу напнатост.

Ако треба да ја опишеме оваа фантастична серија со еден збор, тогаш тој би бил зборот  „секси“. А вториот збор би можел да биде „забавно“. Секси и забавно, сосема доволно за една вечер полна со задоволства.

3-pickbox-pobogat-za-pet-novi-serii-kafepauza.mk

Заштитник (The Guardian)

Кокаинот не е секогаш добра идеја. Добро, општо земено не е добра идеја, а особено не кога сте перспективен адвокат кому може да му ја уништи кариерата. Тоа е заплетот на драмата во која главната улога ја толкува Сајмон Бејкер, ѕвездата на „Менталист“, проблематичниот син кого скандалот го носи на одработување на 1500 часа општествено-корисна работа. А тие што арогантниот адвокат Ник Фалин оди да ги брани пред суд не се криминалци, туку напуштени и занемарени деца. Новите случаи ќе го однесат Ник на интересни места, ќе запознае живописни приказни, ќе се промени, а оваа совршено осмислена драма има некои страшни мигови кои ќе ве погодат директно во срцето.

Моќ (Power)

Ник Фалин не е единствениот што има проблем со дрогата. Таков е и Дух, човекот што со години се занимавал со препродажба на дрога која му овозможувало луксузен живот. Мигот кога одлучува да го промени својот живот е и момент кога сфаќа дека од сите страни го демнат проблеми. А некои проблеми се повторуваат во вид на бивши пријатели, жени, шефови и противници со кои се замерил. Со оглед на тоа што Фифти Сент, кој стои во поголем дел зад оваа серија, е кул типче, и „Моќ“ мораше да излезе кул серија.

Другата одлична работа поврзана со серијава е што доаѓа на Pickbox само 24 часа по американската премиера. Значи, се работи за серија која можете да ја гледате ексклузивно и први, баш така како што заслужувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар