Отворена втората реновирана Телеком продавница во Куманово

Продавницата нуди интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците

Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба втората реновирана продавница во Куманово. Со реновирањето, во целост е променет изгледот на Телеком продавницата која има сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот. При тоа, продавницата нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците.

otvorena-vtorata-renovirana-telekom-prodavnica-vo-kumanovo-kafepauza.mk

По реновирањето, Телеком продавницата во Куманово овозможува одличен преглед на понудата и нуди сосем нов интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците. Целта на овој концепт е компанијата да се доближи до корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком.

Во текот на летото реновирани се вкупно осум Телеком продавници. Минатата недела, се отвори и реновираната продавница во населбата Ченто во Скопје. Македонски Телеком како компанија којашто е целосно посветена на корисникот, во континуитет работи на реновирање и на други продавници ширум државата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар