Психолошки тест за номофобија: Дали и вие се плашите да бидете без вашиот мобилен телефон?

Психолошки тест за номофобија: Дали и вие се плашите да бидете без вашиот мобилен телефон?

Психолозите развиле едноставен тест за номофобија – стравот да се биде без мобилен телефон. Тие веруваат дека оваа состојба е составена од 4 аспекти:

  1. Неможност да се комуницира,
  2. Губење конекција,
  3. Немање пристап до информации,
  4. Губење на удобноста.

Психолошки тест за номофобија: Дали и вие се плашите да бидете без вашиот мобилен телефон?

Па, доколку сакате да откриете дали и вие страдате од оваа фобија, прочитајте ги следните изјави и запишете колку се согласувате со нив на скала од 1 (воопшто не се согласувам) до 7 (целосно се согласувам). Колку е вашиот резултат повисок, толку е посилен овој страв во вас…

1. Би ми било непријатно доколку немам постојан пристап до информации преку мојот смартфон.

2. Би се нервирал/а доколку не можам да најдам информации на мојот смартфон во секое време.

3. Би бил/а нервозен/нервозна доколку не добивам новости на мојот смартфон.

4. Ви се нервирал/а доколку не можам да го користам мојот смартфон и сите негови способности во секое време.

5. Ме плаши трошењето на батеријата на мојот смартфон.

6. Ако ми снема кредит или го потрошам месечниот дозволен пристап кон интернетот ќе почнам да паничам.

7. Ако немам сигнал или не сум поврзан/а со вифи, постојано ќе се обидувам да го сменам тоа.

8. Ако го немам мојот смартфон со мене, постојано ќе се плашам да не се изгубам некаде.

9. Ако не го проверам мојот смартфон некое време, веднаш ми доаѓа желба да го сторам тоа.

Ако го немам мојот смартфон со мене, јас…

1. Ќе се чувствувам анксиозно затоа што нема да можам да комуницирам со моето семејство и пријатели.

2. Ќе се чувствувам загрижено затоа што моите најблиски нема да можат да ме најдат.

3. Ќе се чувствувам нервозно затоа нема да можам да добивам пораки и повици.

4. Ќе се чувствувам анксиозно затоа што нема да имам допир со моите најблиски.

5. Ќе се чувствувам нервозно затоа што нема да знам доколку некој се обидел да ме добие.

6. Ќе се чувствувам анксиозно затоа што мојата константна поврзаност со најблиските ќе ми биде прекината.

7. Ќе се чувствувам нервозно затоа што ќе бидам исклучен/исклучена од мојот онлајн идентитет.

8. Ќе се чувствувам непријатно бидејќи нема да бидам во тек со социјалните медиуми и мрежи.

9. Ќе се чувствувам чудно бидејќи нема да ги проверувам нотификациите од моите онлајн мрежи.

10. Ќе се чувствувам анксиозно бидејќи нема да можам да ги проверам моите мејлови.

11. Ќе се чувствувам чудно затоа што нема да знам што да правам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар