Комплетна дневна нега за вашата кожа – Eucerin®Hyaluron-Filler Дневен крем со SPF 30

Влијанието на надворешните фактори (УВ-те сончеви зраци, екстремно топлото и ладно време, загадениот воздух и сл.) од средината каде што живееме имаат огромно влијание на неминовниот процес на стареење на кожата.

Од друга страна пак, бројните научни истражувања потврдуваат дека во периодот помеѓу 20-тата и 30-тата година од животот започнува постепено да се намалува количината на хијалуронската киселина во организмот, чија улога во кожата е да го пополнува просторот меѓу клетките (средината на сврзното ткиво). Намалувањето на нејзината концентрација значи директна загуба на волуменот на кожата и појава на фини линии и бори, заради што е една од најважните ендогени причини во процесот на стареење.

Новиот производ на Eucerin® Hyaluron-Filler Дневен крем со СПФ 30 е креиран да ги задоволи токму овие потреби на кожата. Новата формула содржи:

  • 40 пати помала молекула на хијалуронска киселина, за истата да може да продре подлабоко во кожата и да овозможи интензивно пополнување на борите и во подлабоките слоеви на кожата, токму на местото каде почнуваат да се формираат.
  • Високомолекуларна хијалуронска киселина којашто ја хидрира кожата и ги пополнува фините линии и бори во површинските слоеви на кожата.
  • Биоактивен сапонин кој го реактивира и го поттикнува создавањето на хијалуронска киселина по природен пат, со што подмладувачкиот ефект на кожата станува уште поголем.
  • Висок заштитен фактор од сонце – СПФ 30, за да ја заштити кожата од негативните ефекти на надворешната средина.

Кремата лесно се впива во кожата и има дискретен мирис. Дерматолошките истражувања докажуваат дека кожата одлично ја поднесува, исто каков што е и пополнувачкиот ефект на борите во подрачјето на челото, устата и носот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар