Како се носи машки часовник и како да изберете вистински часовник за секоја пригода?

Како се носи часовник и како да изберете вистински часовник за секоја пригода?

Часовниците доаѓаат во различни стилови и големини. Тие може да се носат како функционален додаток или како стилско парче накит, кое е задолжително за секој маж.

Иако е прифатливо да носите часовник во секоја пригода, постојат неколку основни правила за тоа како да го изберете вистинскиот часовник.

Како се носи часовник и како да изберете вистински часовник за секоја пригода?

Овие совети се фокусираат на тоа каков вид часовници се најсоодветни за различни ситуации и настани, како да го искомбинирате часовникот со облеката и како правилно да го носите.

Сигурно сте слушнале дека одредени видови часовници одат со одреден вид облека.

Прочитајте ги основните правила за носење часовници и информирајте се каде можете да нарачате добри машки часовници во Македонија.

Не носете часовник со преголема рамка

Рамките на часовниците се мерат во милиметри. Машките часовници во просек се 34-50 мм, иако некои брендови ги прават и многу поголеми.

Никогаш не треба да носите часовник поголем од 50 мм, но 34-40 мм е стандардна големина и идеална за машки часовник.

Одлучете на кој зглоб сакате да го носите часовникот

Не постои „точна“ страна. Изберете го зглобот каде што вам ви е удобно да го носите часовникот и каде тој нема да ви го попречува движењето. Ова е типично недоминантната рака, бидејќи може да биде непријатно да се пишува со часовник на вашиот зглоб. Ако сте деснак носете го часовникот на левата рака.

Носете го вашиот часовник покрај коската на зглобот

Како се носи часовник и како да изберете вистински часовник за секоја пригода?

Бидете сигурни дека рамката на часовникот стои веднаш до коската од надворешната страна на зглобот. Кога стоите, вашиот часовник не треба да се гледа под манжетната на кошулата. Кога носите кошула со долги ракави, часовникот треба да биде целосно видлив само кога ви се свиткани ракавите на кошулата. Никогаш не носете го часовникот над манжетната.

Носете часовник што одговара на вашата рака

Часовникот треба да биде удобен за носење и да изгледа природно – треба да се прилагоди колку што е потребно на обемот на вашиот зглоб.

Некои часовници, како што се спортските, имаат систем за издолжување на ремчето, кој ви овозможува лесно да го прилагодувате за да се затегне или олабави.

Обичните или формалните часовници можат да имаат покомплициран систем за прицврстување што бара да ја прилагодите големината со додавање или отстранување делови за да го продолжите или скратите. Консултирајте се со упатството за употреба или побарајте помош или совет за прилагодување на должината на часовникот.

Мажот никогаш не треба да го носи рачниот часовник лабав околу зглобот

Како се носи часовник и како да изберете вистински часовник за секоја пригода?

Часовникот треба да се движи еден сантиметар нагоре и надолу по зглобот додека се движите.

Лицето на часовникот не треба да се лизга кон страната на вашиот зглоб. Како општо правило, треба да бидете во можност да ставите прст цврсто помеѓу зглобот и ремчето на часовникот.

Исто така, рачениот часовник не треба да се носи премногу цврсто. Ако часовникот остава отпечаток на вашиот зглоб, тој е премногу тесен и треба да се олабави.

Како да изберете вистински часовник за секоја пригода?

Изберете часовник што одговара на вашите чевли

Општо правило е дека ако носите чевли со одело, соодветен би бил поелегантен часовник. Ако носите патики, тогаш спортскиот часовник е подобра опција. Ако вашиот стил е некаде помеѓу (носите чизми, кондури или апостолки), секојдневниот часовник ќе биде најдобар избор.

Вашиот секојдневен часовник треба да биде неутрален и издржлив, бидејќи треба да се носи во текот на вашите секојдневни активности, вклучително и на работа. Часовниците од не’рѓосувачки челик се популарен избор бидејќи тоа ги прави цврсти. Купипродај располагаат со голем број нерѓосувачки часовници по поволни цени, со бесплатна достава низ цела Македонија за 1-2 дена.

Не носете ист часовник секој ден

Дури и ако поседувате само еден часовник, не треба да го носите секој ден од неколку причини. Прво, доколку часовникот е парче што го сакате, ако му дадете пауза подолго ќе ви трае. Второ, еден часовник ретко одговара на разновидноста на облеката што мажот ја носи во текот на една недела. Канцеларијата, теретаната, спортските настани, вечерите и забавите – сите бараат различна облека, а со тоа и различни часовници.

Без оглед на вашиот буџет, ако сакате да носите часовник, обидете се да изградите мала колекција на реномирани часовници што одговараат на сите различни потреби што ги имате во текот на неделата.

И не заборавајте, не гледајте во вашиот часовник кога зборувате со некого.

Гледањето во вашиот часовник е помалку очигледно од гледањето во вашиот телефон, но сепак е прилично грубо и некултурно. Испраќа порака дека треба да бидете некаде на друго место или дека ви е здодевно.

Да знаете како да бидете модерен господин значи да ги контролирате сигналите што ги испраќате до другите. Ова е еден сигнал што повеќето луѓе не го контролираат.

Комерцијален текст


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар