Хуманитарна забава: Friends 2 Friends

Музиката е единственото „оружје“ што ја има моќта да ги зближи луѓето и да ги сплоти во едно. Со тоа „оружје“ најдобро знаат да ракуваат нашите талентирани музичари чија главна цел е да ја пренесат нивната љубов кон музиката и да остават белег кај публиката. Меѓутоа, тие не би можеле да ја реализираат нивната идеја без основните алатки – музичките инструменти.

Хуманитарна забава: Friends 2 Friends

Токму таква несреќа ги снајде некои наши музичари чија опрема изгоре во пожар во просториите на Макотекс пред неколку дена. По тој повод, во понеделник, 26-ти декември во клубот Маракана ќе се одржи хуманитарен мини-фестивал со почеток во 21.00 часот. Неофицијално, материјалната штета е проценета дека изнесува околу 20.000 евра, а нематеријалната е бесценета.

„Уништена е музичката опрема на неколку бенда… Бендови кои активно работат и се основна срж на многу пејачи, вклучувајќи ме и мене. Тоа е најголемото зло што на еден музичар може да му се случи. Тие инструменти живот ни значат. Музичарите се тие кои настапуваат на безброј хуманитарни настани во текот на целата година. Се надевам дека општините кои укинаа новогодишни прослави ќе одвојат од буџетот или од својот новогодишен кафански пречек за оваа цел која живот значи“, изјави нашата позната пеачка Дани Димитровска.

На настанот ќе настапат: Kabadayas, Barbarella, Нокаут, Point Blank, The Black & Vice Social Club, Armadillo, Флукс, Новиот Почеток, а веројатно листата ќе продолжи да расте деновиве. Цената на картата е 200 денари на самиот влез. Целата собрана сума од влезници ќе се донира на бендовите. Повеќе информации за самиот настан можете да најдете тука.

Освен тоа, дополнителни донации на трансакциска сметка се повеќе од добредојдени.

Трансакциска сметка:

Здружение Профицио

210068459910167

Цел на дознака: Friends 2 Friends иницијатива

Сите оние кои се расположени да уживаат во добра музика и уште подобра дружба, а притоа и да направат хумано дело и да им помогнат на нашите музичари, нека се придружат на оваа иницијатива и нека станат дел од публиката која ќе ја преполни Маракана во понеделник во 21.00 часот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Остави коментар