Детските желби ќе одекнат во новогодишната куќичка во Веро центар

Детските желби ќе одекнат во новогодишната куќичка во Веро центар

Новогодишните барања испратени до Дедо Мраз, желбите кои треба да им ги исполни на децата, нивните соништа, но и размислувањата за работите кои се дел од детскиот свет, најмладите посетители на Веро центар ќе може да ги кажат во „Куќичката на новогодишните желби“.

1-detskite-zhelbi-kje-odeknat-vo-novogodishnata-kukjichka-vo-vero-centar-kafepauza.mk

Украсената дрвена куќичка во која децата можат да кажат гласно сѐ што посакуваат во Новата година, ќе биде поставена во Веро центар на 26 и 27.12.2016 (во понеделник и вторник) од 16 до 20 часот. Внатре во куќичката децата ќе ги пречекува водител којшто ќе им поставува најразлични интересни прашања на кои тие ќе одговараат. Родителите и другите посетители на Веро центар ќе може да ги следат нивните искрени и забавни одговори на екранот поставен пред куќичката.

„Најмладите најмногу и се радуваат на Новата година, особено на сите случувања кои и претходат на највеселата ноќ. Куќичката на новогодишни желби ја замисливме како безбедно место каде што децата може слободно да ги кажат сите свои желби и размислувања, но и да дадат забавни одговори на некои прашања кои досега никој не им ги поставил. Празничниот период е одлична можност за дружење на целото семејство, па ние со нашите новогодишни активности им даваме можност на семејствата да поминат квалитетно и забавно време заедно“ – велат од менаџментот на Веро.

2-detskite-zhelbi-kje-odeknat-vo-novogodishnata-kukjichka-vo-vero-centar-kafepauza.mk

Куќичката на новогодишните желби е дел од многубројните предновогодишни забавни активности кои Веро ги организира за своите посетители, особено за најмладите. Освен забавата во куќичката на новогодишните желби, децата може да поминат интересно време и во работилницата на Дедо Мраз која што веќе е поставена во Веро центар. Во ова катче, децата му помагаат на Дедо Мраз да ги спакува подароците кои треба да ги подели на новогодишната ноќ, но истовремено можат и да се сликаат со нивниот омилен лик за Нова година. Фотографирањето во работилницата за виткање подароци се одвива секој ден до 30.12.2016, од 12 до 14 часот. Фотографиите на професионалниот фотограф посетителите може да ги симнат од Фејсбук страницата на Веро маркети.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар