Ѕвездите се отвораат: „Прашајте ме што било“

Кога станува збор за социјалните трендови, македонските ѕвезди речиси никогаш не заостануваат многу зад своите светски колеги. Исто како Мадона, Ред хот чили пеперс, Снуп Дог и многу други, и тие решија да се отворат пред своите обожаватели, со тоа што започнуваат „Прашајте ме што било“ сесии. Ова е нов социјален тренд, каде што познати лица или лица со интересни приказни и професии, повикуваат луѓе да ги прашаат што било, а тие да одговараат.

0-dzvezdite-se-otvoraat-prashajte-me-shto-bilo-kafepauza.mk

Исто како нашите ѕвезди, ни нашите сограѓани не заостануваат кога станува збор за оригиналност, иновативност, креативност, образование на светски факултети, развој на бизнис идеи, авантури околу светот итн. И тие имаат одговори за вашите прашања.

Quevie е совршено место за споделување и дознавање на сè она што ве интересира во кое било поле директно од оние што веќе се занимаваат со тоа и сакаат да ги споделат своите искуства со сите вас.

Поврзете се и споделете знаење, споделете искуство, споделете совет, споделете го вашиот пат до врвот, споделете ја својата креативност, вашиот успех… споделете љубов…

Нашите ѕвезди ќе споделуваат новости и сѐ што нивните фанови сакаат да знаат за нив.

1-dzvezdite-se-otvoraat-prashajte-me-shto-bilo-kafepauza.mk

Првата македонска ѕвезда што го крши мразот со ваква сесија е Раде Врчаковски-Врчак.

Ако имате прашање за коешто сакате да добиете одговор од Врчак, посетете го неговиот профил на Quevie, повикајте пријатели да гласаат за вашето прашање, или вие гласајте за прашањата на коишто сакате да ги чуете одговорите.

Дополнително, Врчак ќе ги награди авторите на десетте најгласани прашања со автограм и со својот последен албум.

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар