Дозволете си пеглањето да Ви биде задоволство, наместо здодевна домашна обврска

Дозволете си пеглањето да Ви биде задоволство, наместо здодевна домашна обврска

Пеглањето на алиштата, речиси за секој од нас претставува вистински предизвик.

Тукушто извадените истуткани алишта од машината за сушење се ноќна мора за секого, па затоа, секоја супер домаќинка веднаш се повикува на „повисоки сили“ – пребарувања на Интернет и распрашување по пријателки како полесно да ги испегла алиштата, совети како да не се туткаат алиштата во машината за перење или во машината за сушење.

Дозволете си пеглањето да Ви биде задоволство, наместо здодевна домашна обврска (Philips генератори на пареа)

Од најразличните „How to…“ трикови, пребарувања и совети добиваме резултати со неверојатни „изуми“ како: поставување коцки мраз во машината за сушење, поставување алуминиумска фолија на даската за пеглање, прскање со вода, пеглање со влажна крпа или пешкир, газа на понежните материјали и што уште не. Секако, да не заборавиме и на поставувањето на истутканите одела, сакоа во бањата пред туширање за да се исправат нерамнините од пареата, и навраќање кон најстарите трикови за пеглање со топол лонец.

Најголемиот предизвик, речиси секогаш се појавува при пеглањето на кошулите и понежните материјали, независно дали се работи за вашата омилена кошула, свилениот фустан, фустанчето со омилената апликација на ќеркичката или кошулата на вашиот сопруг. Сигурни сме дека сите сме го доживеале „Ууупс“ моментот кога сме уништиле една или неколку парчиња облека. Некои од нас, мака мачат одредувајќи го вистинскиот програм на пеглање, па ненамерно ќе изгорат нешто, други мака мачат со плочата на пеглата која често знае да остави траги на бели алишта или пак пареата која остава жолти дамки на посветлите површини.

Едно е сигурно, најголемите „аман бееее…“ моменти се случуваат токму кога брзаме, кога остатокот од десетте минути до излегување за да го испегламе фустанот за излегување или пак кошулата за деловниот состанок, ни делуваат како цела вечност во која би можеле да направиме речиси сѐ.

Замислете колку би бил полесен животот, ако пеглањето на купот алишта би било лесна обврска која би ја завршувале за само неколку минути, без:

  • да треба да ја подесувате температурата за различните видови материјали
  • никогаш повеќе да не ги изгорите своите омилени парчиња облека
  • да се грижите за редоследот на пеглање на алиштата заради бојата и материјалот на облеката
  • да ги пробувате сите пронајдени совети и изуми на интернет, или од мајките и бабите
  • да трчате од кујната да проверите дали сте ја заборавиле пеглата врз облеката
  • да мислите дали сте ја исклучиле пеглата откако сте излегле од домот

Поаѓајќи токму од овие „е затоа мразам да пеглам“ моменти, докажаниот бренд број 1 во светот на лесното пеглање – Philips, ја создаде линијата на генератори на пареа со технологијата „Optimal Temp“ кои направија револуција во пеглањето.

 

Дозволете си пеглањето да Ви биде задоволство, наместо здодевна домашна обврска (Philips генератори на пареа)

Со Philips генераторите на пареа, слободно може да заборавиме на сите несакани ситуации моменти и постојаното менување на температурата при пеглањето на алиштата. Со нивната револуционерна технологија „Optimal Temp“ која овозможува пеглање на различни видови ткаенини и текстури без прилагодување на температурата. Тоа се генератори на пареа со кои можеме да ја оставиме пеглата врз облеката и таа никогаш нема да биде изгорена, можеме да пегламе вертикално благодарение на моќната пареа која ја имаат, можеме дури и да пегламе врз апликации без никакво оштетување, ниту на гардеробата, ниту на пеглата.

Дозволете си пеглањето да Ви биде задоволство, наместо здодевна домашна обврска (Philips генератори на пареа)Дозволете си Philips парната магија да ве воведе во новата ера на пеглање, свет на брзо, лесно и едноставно пеглање без подесување на температурата, без сортирање на материјалите и едноставно отстранување на наборите.

Дозволете си пеглањето да ви биде вистинско задоволство, уживање и забава, наместо една здодевна домашна обврска.

Дознајте повеќе овде>>>

Комерцијален текст

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Magica Reply

    Superke bide ama kogake ja kupam rat kee

Остави коментар