Цртај и патувај во Дизниленд – Започнува детскиот ликовен конкурс на Ладна

По минатогодишниот успешно организиран ликовен конкурс, многу пријавени цртежи и супер награди, Ladna повторно доделува патување во Дизниленд за две дечиња кои ќе ги насликаат најубавите цртежи на годинешната тема „Водата и природата“.

1-crtaj-i-patuvaj-vo-diznilend-zapochnuva-detskiot-likoven-konkurs-na-ladna-kafepauza.mk

Натпреварувањето ќе биде поделено во две категории: деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 28.04.2009 до 27.04.2012 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 17.02.2006 до 27.04.2009 година.

За шесте најубави цртежи, Ladna и оваа година обезбеди супер награди: 2 тридневни патување во Дизниленд во Париз, 2 годишни курсеви за цртање и 2 таблети за цртање.

Ликовниот конкурс ќе трае до 27.04.2016, а сѐ што треба да направите е да го испратите цртежот на тема „Водата и природата“ заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и број на телефон) на адреса ул. 1732 бр. 2 Скопје со назнака „За Ладна ликовен конкурс“.

Минатата година на конкурсот пристигнаа повеќе од 500 детски цртежи кои што беа изложени во Сити Мол.

2-crtaj-i-patuvaj-vo-diznilend-zapochnuva-detskiot-likoven-konkurs-na-ladna-kafepauza.mk

Прва награда – Александар Атанасоски – 9 години, Прилеп

„Беше прекрасно да се видат сите ликови, дворци, бродови, планини и патеки од цртаните и филмовите на Дизни студиото, да се почувствува магијата на филмската индустрија одблиску, да се лудува на тобоганите, лифтовите и рингишпилите“ – изјави Александар Атанасоски, добитник на патување во Дизниленд на првиот ликовен конкурс во 2015 година во категоријата на деца од 7 до 10 години.

3-crtaj-i-patuvaj-vo-diznilend-zapochnuva-detskiot-likoven-konkurs-na-ladna-kafepauza.mk

Александар Атанасоски во Дизниленд, Париз

Повеќе информации за конкурсот, но и за многу изненадувања во следниве недели можете да прочитате на Facebook страницата на Ladna: www.facebook.com/Ladna.mk.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар