Видео запис за првата авторска песна на бендот Lithiüm: Приказна за љубовта запишана во сивиот дневник

Станува збор за нов рок бенд на македонската музичка сцена кој навистина ветува. Членовите што го сочинуваат се Мартин Ангеловски како главен вокал и гитара, Иван Стојковски како вокал и бас гитара и Давид Ѓорѓиев на тапани. Кај овој бенд интересно е тоа што најмалиот член, тапанарот Давид, има само 11 години, а веќе покажува извонреден талент за музика!

Видео запис за првата авторска песна на бендот Литиум: Приказна за љубовта запишана во сивиот дневник

Бендот постои од 2015 година, но сега за прв пат излегуваат пред пошироката јавност со нивната прва авторска песна „Grey Diary“ и со видео запис за истата. Во моментов, оваа рок група неуморно работи на издавањето на првиот албум кој ќе се вика „Grey Diary“, а потоа планираат и негова промоција по клубовите во Македонија.

Погледнете го видео записот за нивната песна „Grey Diary“ кој е дело на продукцијата Bull Production, а ние со нетрпение ги очекуваме и нивните наредни музички хитови…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар