Најдобрите 5 нови песни што веднаш треба да ги чуете

Како што поминува времето, така сме изложени на сè поразновидна музика и станува навистина лесно да пропуштите добра песна. Освен ако таа не е хит на радио, не се наоѓа на врвот на вашите плејлиста или случајно не го видите нејзиниот видео спот на телевизија, постојат големи шанси воопшто да не ја забележите. Но, не грижете се. Ние сме тука за да ви помогнеме да останете во тек! Во продолжение ќе чуете 5 нови песни што навистина вредат да се знаат.

1. „Party for One“ – Carly Rae Jepsen

Најновата песна од канадската поп ѕвезда Карли Реј Џепсен ќе ве потсети на нејзиниот хит „Call Me Maybe“ од 2012 година и ќе ве натера повторно да се заљубите во неа. Оваа песна е одлична ако сакате да се расположите, или едноставно да уживате во слободното време.

2. „Fail Safe“ – William Tyler

Гитаристот Вилијам Тајлер свири на неговиот инструмент исто како да следи пријателско куче по долг пат. Самата песна ви дава чувство на еден вид сигурност, поради што без сомнение ќе сакате повторно и повторно да ја слушате.

3. „Death in Midsummer“ – Deerhunter

Познатиот бенд помина низ многу во последниве години, но добро е да се види дека тој се враќа повторно на врвот со одлична песна. Овие музичари имаат дарба да гледаат во очајот и да најдат светлина во темнината.

4. „10 Freaky Girls“ – Metro Boomin’ feat. 21 Savage

Одлична песна што ќе ви предизвика чувство на 80-тите. Исто така, очекувајте збир од чудни комбинации во самата песна, којшто целосно ќе ве освојат. Всушност, постојат големи шанси оваа песна толку да ви се допадне, што нема да можете да престанете да ја слушате.

5. „The Big Unknown“ – Sade

По повеќегодишната пауза, Шаде се врати на музичката сцена со акустичната балада „Flower of the Universe“. Нејзината најнова песна, „The Big Unknown“, ќе ви пробуди силни емоции и без сомнение ќе ве натера на сериозно размислување.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар