Креативна преработка на песната „Happy“ од Фарел Вилијамс

Хитот „Happy“ од Фарел Вилијамс е преполн со мотивирачки стихови како „ништо не може да ме онерасположи“, во комбинација со заразна музика која за само неколку секунди има моќ да ви го подобри расположението. Бидејќи оваа заразна музичка среќа долго време владее на топ листите ширум светот, таа успеа да инспирира илјадници преработки на песната, но ниту една не е ни приближно толку уникатна и креативна како верзијата на Ден Њуби.

1-kreativna-prerabotka-na-pesnata-happy-od-farel-vilijams-www.kafepauza.mk_

Њуби со помош на 2 молива како палки за тапани удира по чаши наполнети со вода и тави за готвење. И покрај тоа што тој не употребува никакви инструменти, тој сепак успева да ги долови еуфоричните емоции кои ни ги пренесува оригиналот. Погледнете.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар