Европски спот за песната „Круг“ на Дон и Андреј од ДНК
Спотот за песната „Круг“ на бизнисменот Дон и Андреј од ДНК, кој е снимен низ Европските метрополи Виена, Париз, Милано и Венеција од денес имаме можност да го гледаме на медиумите. Интересната видео репортажа за нивната заедничка песна „Круг“ е зачинета и со прекрасни кадри од Сани Бич, каде што се појавува и актуелната Мис на Македонија, прекрасната Симона Станковска.
„Спакувавме едно интересно несекојдневно видео со кадри од Виенската Опера, Ајфеловата кула, Миланското Дуомо и плоштадот Св. Марко во Венеција, кои ги посетивме со Андреј и екипата на 2С Продукција којашто го работеше спотот. Се надевам дека спотот, а и самата песна ќе ѝ се допаднат на публиката затоа што носи искрена порака во себе. Почетокот на текстот ја искажува скриената желба на многу луѓе за материјални вредности, но во последните стихови се објаснува дека вистинската вредност не е во парите и славата туку во духовните вредности како љубовта и среќата“ – изјавува Дон.
Комплетниот текст со моќната порака на „Круг“ го напиша самиот Дон, а композиторот Лазар Цветкоски ги направи музиката, аранжманот и продукцијата на песната.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
