Џејмс Блант – храбриот романтичар кој плени со својата музика

Џејмс Блант – храбриот романтичар кој плени со својата музика

Џејмс Блант, роден на 22 февруари 1974, е британски пејач, текстописец и поранешен офицер на британската армија. Неговиот татко бил член на британската воздушна армија, така што Џејмс добива лиценца за пилот уште на 16-годишна воздраст. Неговото семејство е познато по долгата традиција на армиски службеници, која датира уште од 10-иот век.Џејмс Блант – храбриот романтичар кој плени со својата музикаМузиката на Блант е доказ дека само најхрабрите мажи умеат да ја соголат својата душа покажувајќи ги најсветите чувства во себе. Неговите стихови се пример за тоа како треба да се сака една жена, имаат една карактеристична длабочина во себе и умеат вистински да ја опишат љубовта и загубата, така реално што допираат длабоко во срцето и просто го разнежнуваат секој дел од телото и душата.Џејмс Блант – храбриот романтичар кој плени со својата музикаВо 1999, Блант служел како разузнавачки офицер на НАТО во Косово. Најпрво требало да дава изјави за случувањата на македонско-југословенската граница, за подоцна да биде изнесен на борбен терен. Заедно со 30.000 припадници на мировните сили го обезбедувал меѓународниот аеродром во Приштина, но руската единица веќе ја имала контролата над аеродромот, така што му било наредено да ги нападне русите, наредба која Блант одбил да ја изврши. Со тоа спречил многу голем инцидент, а според многумина тој на некој начин спречил нешто што можело да прерасне во Трета светска војна. За време на своите задолженија, Блант ја имал со себе својата гитара, забавувајќи ги другите припадници на мировните сили, како и локалните жители.

По 6-годишната служба во армијата, Блант активно се посветува на својата музичка кариера. Во својот прв студиски албум Back to Bedlam, ги претставува хитовите You’re beautiful и Goodbye my lover, кои му носат голема слава. Со продадени над 18 милиони копии, овој албум е прогласен за најпродаван во 2000 година во Британија. Има освоено многу музички награди, меѓу кои 2 британски награди, најдобар видео-запис на Ем-Ти-Ви музичките награди, а во 2006 е номиниран за 5 греми награди.

Во 2007 го издава својот втор албум, насловен како All the Lost Souls, кој ги содржи хитовите Carry you home, 1973, Annie, Same mistake и други.

Some kind of trouble е насловот на неговиот албум од 2010, од кој само во првата седмица беа продадени 100.000 копии. Некои од хитовите од овој албум се: Stay the night, So far gone, I’ll be your man.

Мислите дека не сте романтични? Ве предизвикувам да ја преслушате неговата музика, па самите на крај донесете свој заклучок.

 

Ми го допре срцето, ми ја допре душата

Ми го промени животот и сите мои планови

Љубовта е слепа и тоа го знаев кога,

Моето срце беше заслепено од тебе

Ти ги бакнав усните и те држев за рака

Ги делев твоите соништа и твојата постела

Те познавам добро, го знам твојот мирис

Бев зависен од тебе…

 

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар