8-годишно чудо од дете го воодушеви светот со своите тапанарски способности

Благодарение на социјалните мрежи, артисти на сите возрасти можат да ја споделат својата работа со светот. Преку платформите како Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб, креативните помлади и постари можат да станат славни, без разлика дали станува збор за сликар тинејџер, технолошки креативна старица или 8-годишно чудо од дете како Јојока Сома.

Јојока покажала интерес за тапани уште кога имала само 2 години! Веќе до својата 4-та година таа настапувала на концерти со бендот на своето семејство и сега, откако нејзината аудиција за натпреварот Удирај како девојче стана вирална, таа е онлајн сензација. Во 3-минутното видео таа прави кавер на песната „Good Times Bad Times“ од Led Zeppelin што ги покажува нејзините неверојатни тапанарски способности. Дури кога ќе ги забележите нејзините чорапчиња со точки ќе сфатите колку е мала. Ако само го слушавте видеото, ќе мислевте дека станува збор за искусен тапанар во своите 40-ти или 50-ти години.

Иако таа има само 8 години, Јојока е исклучително амбициозна. „Сакам да бидам артисти што може да направи сè: да свири на сите инструменти, да снима музика, да го меша звукот и да дизајнира пакувања за цеде албуми“, објаснува таа на својата аудиција. „И сакам да бидам најдобриот женски тапанар.“

И покрај тоа што не победи на натпреварот, нејзиното неверојатно инспиративно видео ѝ донесе голема Интернет слава. Дури и водечкиот вокал на Led Zeppelin, Роберт Плент, ја пофали леснотијата со која настапува. Погледнете ја и неговата реакција во ова видео.

Погледнете го и ова 5-годишно девојче со епски перформанс на тапани!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар