5-годишно девојче со епски перформанс на тапани

Повеќето мали деца едвај можат да се снајдат со музичките инструменти, дури и да станува збор за наједноставната композиција која постои. Но, малечката Едуарда Хенклејн Батериста е далеку од обично девојче. Таа обожава рокенрол и ракува со тапани подобро од повеќето возрасни. Во ова видео таа ја изведува „Chop Suey“ од „System Of A Down“ толку добро, што сигурни сме дека некој од бендот ќе ја контактира за да настапува со нив.