25-те најдобри композитори во историјата

Дали некогаш сте се запрашале кои се најдобрите композитори во историјата? Доколку не постои музиката, најверојатно животот би бил многу поздодевен. Начинот на којшто музиката влијае на емоциите, расположението и креативноста, ја прави навистина моќен и интимен медиум. Секој може да се идентификува со музиката и преку неа чувствуваме поврзаност со композиторот што ја напишал. Иако секој преферира различен стил и музички жанр, постојат некои дела кои ги надминуваат сите. Во продолжение погледнете ги композиторите кои стојат зад овие дела.

25-те најдобри композитори во историјата

1. Лудвиг ван Бетовен

Бетовен е најпознат по тоа што го изгубил неговиот слух. Наводно, не можел секогаш да го слушне она што го свирел. По 1819-та година сите кои разговарале со него морале да му пишуваат.

2. Антонио Вивалди

Како Моцарт, така и Вивалди умрел во сиромаштија и бил закопан во необележен гроб. И двајцата композитори се слични по тоа што постигнале нешто големо со нивните дела, но не успеале да постигнат финансиска сигурност.

3. Арон Копленд

Арон имал препознатлив американски стил, па поради ова бил познат како „деканот на американските композитори“.

4. Франц Јозеф Хајдн

Австрискиот композитор направил многу за класичната музика во негово време. Напишал 106 композиции и фрлил долга сенка врз другите композитори. Еден од неговите најпознати ученици бил Бетовен.

5. Петар Илич Чајковски

Рускиот композитор напишал некои од најпопуларните дела, вклучувајќи го и „Лебедово езеро“. Интересно е што навистина се нервирал додека ја пишувал „Оревокршачка“ и ја мразел – а таа стана едно од неговите најпознати дела.

25-те најдобри композитори во историјата

6. Карл Нилсен

Без сомнение, ова е најпознатиот композитор од Данска кој не се прославил интернационално. Пораснал во големо сиромашно семејство во 19-тиот век и уште од мал покажувал талент за музика. Во неговите композиции одел против неговото потекло и додавал странски елементи во музиката.

7. Густав Малер

Австрискиот композитор напишал само 10 целосни симфонии, сите фокусирани на смртта и задгробниот живот. Неговите дела биле игнорирани цели 50 години по неговата смрт, но со текот на времето почнало да се цени неговото влијание врз класичната музика од 20-тиот век.

8. Јоханес Брамс

Германскиот композитор роден во раниот 19-ти век, станал еден од најдобрите музичари на сите времиња. Напишал 4 симфонии кои се едни од најсниманите репертоари на сите времиња.

9. Франц Лист

Познатиот унгарски пијанист кој живеел во периодот на романтизмот бил навистина оригинален. До неговата смрт напишал 700 композиции.

10. Модест Мусоргски

Рускиот композитор ја „измислил“ руската музика во неговото време. Најпознатото негово дело е „Ноќ на пустата планина“ кое е третата најснимана композиција за оркестар во историјата.

25-те најдобри композитори во историјата

11. Фредерик Шопен

Како пијанист, Шопен бил еден од најдобрите уметници во неговата епоха. Спротивно на ова, навистина мразел јавни настапи и била вистинска реткост да се појави.

12. Леонард Бернштајн

Американскиот композитор кој живеел во 20-тиот век патувал низ светот како диригент. Во неговите дела вклопувал џез, класични, порторикански и романтични елементи и бил вистински иноватор во неговото време.

13. Франц Шуберт

Австрискиот композитор се смета како последен од класичните и прв од композиторите од романтизмот. Бил познат по мелодијата и хармонијата во неговите дела.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    А Моцарт го оставивме пред врата да чека а? Ејјјјј ало

    • Моника Трајковска Јакимовска Reply

      Моцарт е на втората страница, нема шанси некој да го заборави него 🙂

  2. Ostarr Reply

    Interesy! ))

Остави коментар