24 часа среќа со Фарел Вилијамс

24 часа среќа со Фарел Вилијамс

24hoursofHappy“ е музички и видео проект кој буквално има можност да ви покаже што е среќа во текот на 24 часа. Ова е првото 24-часовно музичко видео, а режирано е од страна на „We Are From L.A“.

24 часа среќа со Фарел Вилијамс

Спотот содржи 360 секвенци снимени во Лос Анџелес и во него се појавуваат многу познати и непознати личности чие танцување има моќ да ве направи посреќни. Дополнително, можете да „шетате“ низ 24-те часа среќа преку часовникот-мапа за да видите што повеќе различни луѓе кои го имаат изиграно својот среќен танц.

Песната „Happy“ е дел од саундтракот на филмот Despicable me 2.

24 часа среќа со Фарел Вилијамс

Гледајте го видеоспотот во 4-минутна верзија, а ако почувствувате дека станувате посреќни, задолжително продолжете да се полните со позитивна енергија на официјалниот сајт на проектот и слушајте ја песната, барем додека не ви се здосади.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.:)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар