Успешни женски автори чии дела вреди да се прочитаат

Успешни женски автори чии дела вреди да се прочитаат

Жените стануваат сѐ поприсутни и попризнаени во литературата, а доказ за тоа се и бројните награди кои ги добиваат. Доколку размислувате што да читате, земете ги предвид следните добитнички на награди за литература и нивните книжевни дела.

Маргарет Атвуд

(0) uspeshni-zhenski-avtori-chii-dela-vredat-da-se-prochitaat-kafepauza.mk

Една од најплодните писателки што добила бројни награди за литература, меѓу кои и Букеровата, која ја доби за делото „Слепиот убиец“. Покрај тоа, ја препорачуваме и „Приказната за куќната помошничка“.

Селма Лагерлеф

(1) uspeshni-zhenski-avtori-chii-dela-vredat-da-se-prochitaat-kafepauza.mk

Селма Лагерлеф е првата дама што ја добила Нобеловата награда за литература. Пишува на шведски, но нејзините дела се преведени на многу јазици. Доколку имате деца, ви препорачуваме да им ја прочитате необичната книги „Прекрасните авантури на Нилс“, за момчето што лета со дивите гуски. За популарноста на книгата сведочат и бројните филмски адаптации.

Тони Морисон

(2) uspeshni-zhenski-avtori-chii-dela-vredat-da-se-prochitaat-kafepauza.mk

Афро-американската авторка Тони Морисон покрај пишувањето, сега на 82-годишна возраст се занимава и со уредништво и професорска дејност. Таа е добитник на Нобеловата и Пулицеровата награда и на Претседателскиот медал на слободата, што се смета за највисока граѓанска награда. Најпознати дела се „Љубена“, „Најсиното око“ и „Песната на Соломон“.

Алис Мунро

(3) uspeshni-zhenski-avtori-chii-dela-vredat-da-se-prochitaat-kafepauza.mk

Доколку уживате во читање кратки раскази, тогаш Мунро е вистинскиот избор за вас. Таа ја освои Нобеловата награда минатата година. Навистина е тешко да се одвои конкретно дело, но може да почнете со „Бегство“, што е разнолика и неверојатна збирка раскази.

Ајрис Мардок

(4) uspeshni-zhenski-avtori-chii-dela-vredat-da-se-prochitaat-kafepauza.mk

Ајрис Мардок ја освои Букеровата награда за романот „Морето морето“, што говори за моќта на љубовта и болката. Исто така, ја препорачуваме и „Црниот принц“, наслов кој алудира на Хамлет и дело со прекрасна раскажувачка структура, кое се фокусира на еротската опсесија.

Нели Сахс

(5) uspeshni-zhenski-avtori-chii-dela-vredat-da-se-prochitaat-kafepauza.mk

Нели Сахс исто така е добитничка на Нобеловата награда за литература. Германска еврејка, поетеса и драмски писател, која стана гласноговорник на маките на Евреите за време на Втората светска војна. Неколку години од животот ги минала во ментална институција и интензивно пишувала лирска поезија, под влијание на германскиот романтизам. Има објавено неколку збирки поезија, а некои од поемите можете да ги најдете и на интернет, како „Израел“ и „Ние сирачињата“.

Дорис Лесинг

(6) uspeshni-zhenski-avtori-chii-dela-vredat-da-se-prochitaat-kafepauza.mk

Добитничка на Нобеловата и многу други престижни награди за литература. Творештвото може да се подели на три главни теми и периоди : комунизам, психологија и научна фантастика. Најпознати дела ѝ се: „Златната тетратка“, „Деца на насилството“ и „Добриот терорист“.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. Ангела Reply

    Агата Кристи?!

Остави коментар