Кои 5 романи најубаво ја доловуваат новогодишната и божиќната магија?

Кои 5 романи најубаво ја доловуваат новогодишната и божиќната магија?

Овој период на празници најверојатно е омилен за многумина од вас. Новогодишните мелодии, филмови како и новогодишните рецепти, можат да ни го доловат празничниот дух, но да не ја занемариме и моќта на книгите. Во продолжение откријте кои романи чие дејство се одвива околу Нова година и Божиќ вреди да ги прочитате во следниот период.

Кои 5 романи најубаво ја доловуваат новогодишната и божиќната магија?

1. „Прескокнувајќи го Божиќ“ од Џон Гришам

Дали сте го гледале „Божиќ со Кранкови“? Ова е книгата врз која е базиран филмот! Станува збор за брачен пар кој одлучува за прв пат да не го слави Божиќ бидејќи нивното единствено дете нема да биде дома за празниците, и наместо тоа, да одат на крстосување по Карибите. Сепак, се чини дека на соседите не им се допаѓа нивниот план. Ви гарантираме дека оваа книга дефинитивно ќе ви ги разубави празниците!

Кои 5 романи најубаво ја доловуваат новогодишната и божиќната магија?

2. „Божиќни писма“ од Деби Макомбер

Хероината во романот заработува преку пишување божиќни писма за другите, при што ги прави повозбудливи нивните животи. Таа ги пишува писмата во нејзиното омилено кафуле кое патем го посетува и еден човек за кого Божиќ е само една обична лага. Тие набргу се запознаваат и иако нивните мислења се разидуваат, сепак на крајот ќе сфатат дека постои љубовна хемија помеѓу нив.

Кои 5 романи најубаво ја доловуваат новогодишната и божиќната магија?

3. „Божиќен автобус“ од Мелоди Карлсон

„Божиќен автобус“ е книга за жена која е разочарана кога ќе слушне дека нејзините деца нема да се вратат дома за Божиќ. Таа е толку осамена што решава да покани странци да престојуваат во собите на нејзините деца. На почетокот се чини дека е добра идеја, но како што минува времето, таа не е толку сигурна дека го направила вистинскиот избор.

Кои 5 романи најубаво ја доловуваат новогодишната и божиќната магија?

4. „Божиќниот воз“ од Дејвид Балдачи

„Божиќниот воз“ е приказна за човек кој тргнува на пат кон дома со воз непосредно пред Божиќ. Сепак, неговите планови да стигне дома навреме ќе бидат уништени откако шините ќе бидат затрупани со лавина од снег. Главниот лик заедно со сите останати патници во возот ќе го дочекаат Божиќ поразлично од кога и да било.

Кои 5 романи најубаво ја доловуваат новогодишната и божиќната магија?

5. „Зимска улица“ од Елин Хилдербренд

Романот „Зимска улица“ ја раскажува приказната за маж кој се оженил два пати и одгледал четири деца. Сега неговите деца се возрасни, но тоа не значи дека нема да го поминат Божиќ заедно. Се разбира, овој пат не е исто како што било некогаш, пред многу години…

Кои 5 романи најубаво ја доловуваат новогодишната и божиќната магија?

Откако ја прочитавте нашата листа на новогодишни и божиќни романи, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 15-те најпопуларни божиќни книги според корисниците на Гудридс.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар