8 брилијантни книги кои се поинтересни и од гледањето телевизија - Part 2

8 брилијантни книги кои се поинтересни и од гледањето телевизија

5. Корекциите, Џонатан Франзен

8 брилијантни книги кои се поинтересни и од телевизиски серии

Оваа книга, објавена во 2001 година, на писателот Џонатан Френзен му донесе светска слава, ставајќи го рамо до рамо со гигантите на американската литература. Ламбертови не се многу различни од сите други семејства: Тие сакаат и мразат, се разгалуваат и се охрабруваат меѓусебно и никој не може да ги сопре да бидат заедно на Божиќната вечера.

6. Скипи умира, Пол Мареј

8 брилијантни книги кои се поинтересни и од телевизиски серии

Зошто Скипи, 14-годишниот ученик од колеџот Сибрук (престижно католичко училиште) завршува мртов на подот од локалниот кафе-бар? Новелата започнува со ужасната сцена од смртта на Скипи и потоа се враќа ретроспективно наназад и ни објаснува како сме дошле до тој момент и што е уште поважно, што ќе се случи понатаму. Возбудливите испреплетени приказни ја прават оваа книга совршена за сите фанови на драмата.

7. Канада, Ричард Форд

8 брилијантни книги кои се поинтересни и од телевизиски серии

Дел и Барбер се двајца 15-годишни тинејџери чија смисла за нормален живот засекогаш ќе се измени, откако нивните родители, почитувани и чесни луѓе, одлучуваат да ограбат банка. „Канада“ е провокативна книга со големи идеи, прекрасни описи, иронични дијалози и суптилни психолошки истражувања.

8. Шантарам, Грегори Дејвид Робертс

8 брилијантни книги кои се поинтересни и од телевизиски серии

Главниот карактер бега од австралиски затвор со максимална безбедност и се упатува кон Мумбаи, Индија, град на можностите и слободата. Токму овде оваа епска, хипнотизирачка новела за љубов, опростување, лојалност и чест, почнува и завршува. Книгата се искачи на сите листи за најпродавани книги и собра одлични критики и беше споредувана со делата на едни од најголемите писатели на модерната ера – Мелвил и Хемингвеј.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар