8 брилијантни книги кои се поинтересни и од гледањето телевизија

8 брилијантни книги кои се поинтересни и од гледањето телевизија

Постојат книги кои ќе ве привлечат уште од првата страна, а штом почнете да читате, невозможно е да ги оставите сè додека не завршите. Всушност, книгата ве навлекува толку многу што почнувате да читате побрзо и побрзо за да го дознаете крајот. Во продолжение прочитајте кои се осумте најдобри книги, кои се повеќе заразни дури и од најинтересните телевизиски серии.

1. Крвав меридијан, Кормак МекКарти

8 брилијантни книги кои се поинтересни и од телевизиски серии

Живописните, реални слики од карактерите во оваа книга се поврзани заедно во сложена приказна и што е најважно, со талентот на раскажувачот, вие чекор по чекор ќе ја откривате приказната која навистина за момент ве тера да запрете и размислите. Писателот не се плаши да ги зачне тешки прашања за животот и смртта и суровоста својствена за човечката природа.

2. Фукоовото нишало, Умберто Еко

8 брилијантни книги кои се поинтересни и од телевизиски серии

Книгата ја раскажува приказната за тројца пријатели, Белбо, Диоталеви и Касобон, кои работат во издавачка куќа. Откако прочитале голем број ракописи посветени на разни теории на заговор, тие од забава одлучуваат да измислат своја теорија. Но, нештата наеднаш добиваат неочекуван тек.

3. Тајната историја, Дона Тарт

8 брилијантни книги кои се поинтересни и од телевизиски серии

Приказната е сместена во мал колеџ во Вермонт. Главните ликови се пет весели студенти, четири момчиња и една девојка, кои треба да се справат со последиците од несреќното убиство. Многу години подоцна, обидувајќи се да разбере што се случило, главниот јунак се сеќава на студентскиот живот, опишувајќи ја врската што ја имал со своите пријатели. Овој возбудлив психолошки трилер нема да ве остави рамнодушни.

4. Чудесните авантури на Кавалие и Клеј, Мајкл Чабон

8 брилијантни книги кои се поинтересни и од телевизиски серии

Приказната во оваа новела се фокусира на две еврејски деца кои достигнуваат голем успех, цртајќи стрипови со суперхерои во текот на Втората светска војна. Со хумор и младешки ентузијазам, обидувајќи се да се борат со нацистичките сили и да ги охрабрат луѓето, тие конечно постигнуваат голем успех.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар