Замрзната мока, одлична за вашето здравје

Замрзната мока, одлична за вашето здравје

Диетална мока која ќе ви го направи денот подобар

Замрзната мока, одлична за вашето здравје

Потребни состојки:
  • 240 милилитри силно филтер кафе, оладено
  • 240 милилитри диетален сладолед од ванила (со помала масленост)
  • 125 милилитри обезмастено млеко
  • 1/4 лажичка ванила
  • шеќер или засладувач (по избор)
  • 4 лажици диетална шлаг пена
  • инстант мешавина од чоколадо и млеко (по избор)
  • чоколаден прелив
  • неколку коцки мраз
Начин на подготовка:

Во блендер, сместете ги кафето и мразот и мешајте на највисока брзина околу 10-20 секунди или додека мешавината не стане течна. Потоа додајте го сладоледот, млекото, мешавината од чоколадо и млеко и ванилата. Повторно мешајте на највисока брзина или сѐ додека добро не се соединат сите состојки. Засладете со шеќер или засладувач и сипете во 3 чаши. Декорирајте со шлаг пената и чоколаден прелив. Сервирајте веднаш.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.