Пудинг од ирско кафе

Пудинг од ирско кафе

Време е за малку ирски амбиент. Доколку го сакате вашето кафе со алкохол, ова е совршена опција за вас. Само што овој пат ви предлагаме рецептот за ирско кафе да го искористите правејќи пудинг.

Доколку сакате да го направите безалкохолен, наместо виски, додајте 1 кафена лажичка екстракт од ванила.Пудинг од ирско кафеПотребни состојки:

  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 50 г + 3 лажици кафеав шеќер
  • Сосем малку сол
  • 480 мл шлаг
  • 1 лажица инстант еспресо (неподготвено) или 1 ½ лажица друго инстант кафе
  • 3 лажици ирско виски

Пудинг од ирско кафеНачин на подготовка: Во еден сад измешајте ги пченкарното брашно, шеќерот и солта. Додајте го шлагот и матете со миксер на еден степен повисоко од средната брзина додека смесата не стане хомогена. Потоа додајте ги кафето и вискито.

Пудингот сипете го во 4 стаклени садови и почекајте 2 часа добро да се олади и здрви.

За декорација додајте хопла крем или шлаг. Поросете со цимет. За да добиете вистински ирски амбиент, одлично би било доколку најдете чоколадни парички за јадење спакувани во златна фолија. Доколку не, најдете друг начин да го декорирате. Доколку имате време, од зелено тесто за марципан, направете детелини кои исто така се препознатлив симбол на Ирска.Пудинг од ирско кафеНа здравје!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар