Ирско кафе

Ирско кафе (Irish coffee)

Богат и неодолив вкус кој секому би му се допаднал

Ирско кафе

Потребно време за подготовка: 5 минути
Потребни состојки:
  • 40 мл ликер од ирски крем
  • 20 мл ирско виски
  • 200 мл топло варено црно кафе
  • Шлаг пена
  • Морско оревче (по желба)
Начин на подготовка:

Во висока стаклена чаша за кафе, искомбинирајте ги  ликерот и вискито, а потоа додадете го топлото кафе. На врвот нанесете ја шлаг пената и морското оревче. Уживајте…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.