Патот на кафето околу светот

Патот на кафето околу светот

Автор: Александра Чакаровска

За првпат, неговото височество-кафето, се појавува во Етиопија. Легендата вели дека човекот со име Калди, еден ден забележал како неговите кози после јадењето зрна од една грмушка се однесувале чудно. Од љубопитство, ги пробал и самиот и забележал дека добил поголема енергија. Веста за овошјето што дава сила, брзо се проширила низ регионот. Калуѓерите, за да останат подолго будни за време на молитвите, биле први кои смислиле начин како овошјето да го пренесуваат на поголеми далечини. Го цеделе сокот од овошјето, потоа го јаделе, а исцедената течност ја пиеле.Патот на кафето околу светот

Кафето ја напушта Африка

Кафето од Африка било пренесено на Арапскиот Полуостров и за првпат било одгледувано во денешен Јемен. Од Јемен, потоа стигнало во Турција, каде за првпат самите зрна кафе биле печени на отворен оган. Потоа, испечените зрна се кршеле, се вареле во вода и се создавал напиток кој наликувал на денешното кафе.Патот на кафето околу светот

Кафето пристигнува во Европа

На Европскиот континент, кафето е донесено од страна на Венецијанските трговци. Католичката црква веднаш остро се спротивставила на кафето, нарекувајќи го „пијалак на ѓаволот“. Но, за сечие изненадување, папата како голем уживател на магичната напивка, го благословил кафето, прогласувајќи го за вистински Христијански напиток. Набргу потоа кафето бргу се раширило низ Европа, а кафулињата постанале центри на интелектуална размена. Многу големи умови пиеле кафе за да ја поттикнат својата креативност.Патот на кафето околу светот

Кафето патува во Америка

На почетокот на 18 век, кафето пристигнува и во Америка. Американците можат да му заблагодарат на францускиот капетан кој пренел едно растение кафе преку Атлантикот. Токму ова единствено растение, посадено на Карипскиот остров Мартиник, е претходник на преку 19 милиони дрвја кафе, посадени на островот во наредните 50 години. Како омилена напивка, кафето во Америка е прогласено за национален пијалак.Патот на кафето околу светот

Кафето во 21 век

Денес кафето е огромна глобална индустрија која вработува над 20 милиони луѓе. Со преку испиени 400 милијарди чаши секоја година, кафето е најпопуларен пијалак во светот. Ако само може да замислите, во Бразил преку 5 милиони луѓе се вработени во одгледување и берење на повеќе од 3 милијарди кафе-растенија. Продажбата на висококвалитетни кафиња достигна ниво од неколку милијарди долари годишно и се зголемува значително секоја година.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар