Палачинки со вкус на кафе

Палачинки со вкус на кафе

Прекрасен десерт кој ќе ви го направи денот поубав

Палачинки со вкус на кафе

Потребни состојки:
  • 80 г брашно
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица инстант кафе
  • 1 лажичка ситно рендано чоколадо
  • 2 јајца
  • 1 жолчка
  • 20 г растопен путер
  • млеко по потреба
  • прстофат сол
  • шлаг
  • цимет
Начин на подготовка:

Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, кафето, чоколадото и солта. Во друг сад измешајте ги јајцата и жолчката и потоа додадете го растопениот путер. Измешајте ги двете смеси и пополека дур мешате додавајте млеко.

Оставете ја сместа да отстои еден час. Палачинките пржете ги на путер. Готовите палачинки служете ги со шлаг и цимет.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.