Неодолив шлаг од кафе

Неодолив шлаг од кафе

Вкусен спој на вашиот омилен напиток и еден универзален десерт

Неодолив шлаг од кафе

Потребни состојки:
  • 700 мл млеко
  • 1 лажица брашно
  • 2 јајца
  • 2 лажици инстант кафе
  • 150 гр шеќер
  • чоколадни трошки/чоколаден прелив
Начин на подготовка:

Одвојте 50 мл од млекото и помешајте го со брашното. Останатото млеко ставете го на загреана рингла да почне да врие.

Одвојте ги жолчките од белките, и со белките изматете цврст крем. Инстант кафето сипете го во млеко на рингла и мешајте за убаво да се растопи.

Кога млекото ќе почне да врие, во него пополека почнете да ја сипувате смесата направена од брашното и останатиот дел од млекото. Во друг сад изматете ги жолчките со шеќерот, па и нив додадете ги во млекото. На крај сипете го и шлагот од белките заедно со другите состојки.

Добиениот шлаг распоредете го во стаклени садови и оставете го да се олади 2 часа во фрижидер. Пред да го послужите десертот, декорирајте го со чоколадни трошки или чоколаден прелив.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар