Направете млечна пена без еспресо машина
Сите ја сакаме онаа млечна пена, која лебди и се топи при првата голтка од нашето утринско и попладневно кафе. Кафе лате, макијато, капучино – изборот е ваш. Да се купи еспресо машина или машина за правење кафе е навистина голема инвестиција, па затоа погледнете како да направите млечна пена, во домашни услови употребувајќи само една тегличка и микробрановата печка.
Земете една мала тегличка и наполнете ја со млеко скоро до половина.

Потоа, затворете ја со капакот и протресете ја тегличката енергично околу 30 секунди додека млекото не го зголеми волуменот, двојно.

Извадете го капакот од тегличката и ставете ја во микробранова печка 30 секунди.

Млечната пена е готова.

Ставете млеко во вашето кафе и со лажица претурете ја млечната пена на врвот од шолјата.

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
