Водолија и близнаци - љубовна комбинација

Водолија и близнаци – љубовна комбинација

Водолија и близнаци во љубовна комбинација можат навистина да уживаат во нивната волшебна и инспиративна психичка конекција. Близнакот обожава да слуша нови идеи, а креативната водолија може да смисли еден куп. И на двата знака им е потребна независност и доволно простор за да можат да „дишат“. Оваа нивна потреба тие меѓусебно си ја задоволуваат бидејќи и двајцата ја разбираат многу добро.Водолија и близнаци - љубовна комбинацијаПроблем во нивната врска може да се јави како резултат на две причини: ако близнакот почне да мисли дека водолијата е премногу тврдоглава и нефлексибилна или ако пак ако динамичната и напредна водолија смета дека близнакот е премногу бавен и постојано безделничи. Во секој случај, ваков тип на проблем, не може да предизвика некој сериозен немир во нивната врска, бидејќи генерално овие партнери функционираат многу добро и меѓусебно се разбираат на едно длабоко ниво.

И водолијата и близнаците поседуваат големо количество енергија во себе. Нивните мозоци работат многу брзо, благодарение на што се способни постојано да смислуваат нови идеи, а со помош на решителната водолија, плодот на нивната заедничка креативност, може да се спроведе во акција. И двата знака кога донесуваат одлуки се потпираат на нивниот секогаш буден, спремен и остар ум, што особено важи за близнакот. Водолијата и близнакот мразат да го губат своето време на небитни работи, но близнакот има тенденција понекогаш да биде хаотичен и психички несреден. Водолијата може да му помогне на близнакот да се фокусира ако тој почне да „осцилира“, но таа воедно мора да му даде и доволно простор и слобода за одлучување. Близнакот не сака да се чувствува притиснато и присилено да прави нешто.

Водолијата е управувана од планетата Сатурн, која ја симболизира нејзината карма и Уран нејзината бунтовност, а близнаците се предводени од Меркур, кој ја отсликува нивната одлична способност за комуницирање. Комбинацијата од влијанијата на Сатурн и Уран, му го даваат на водолијата тој прогресивен, оригинален ум и решеност да ги претвори неговите идеи во нешто добро.

Водолијата е најголемиот хуманитарец од сите знаци во зодијакот. Близнакот има бистар ум и одлични комуникациски вештини, благодарение на кои може да и даде на водолијата стимул да се придржува до своите идеи и да работи на нивна реализација. Со својот флексибилен начин на размислување, близнакот може да и помогне на водолијата во моменти кога е тврдоглава, крута и под тензија.

Близнаците и водолијата се интелектуално поврзани. Тие се дружељубиви и природни луѓе. Близнакот е досетлива и зборлеста личност, која обожава да ги импресионира другите со неговото пргаво и брзо реагирање во различни ситуации, а водолијата ги сака сите типови на луѓе. Колку повеќе различни карактери на луѓе познава водолијата, толку подобро се чувствува. Двата знака имаат широк опсег на интереси. Наклоноста на близнакот за дебатирање и интелигентни разговори кои му го стимулираат умот, може да биде задоволена со многуте различни искуства кои овие двајца партнери меѓусебно си ги споделуваат.

Во однос на улогите во врската, близнакот ја цени независноста и е лесно прилагодлив на промени. Водолијата од друга страна, е поодлучна, дури и тврдоглава и генерално сака да биде „газдата“ во врската.

Најдобриот аспект од љубовното гнездо близнаци – водолија е нивната способност за одлична комуникација, уживање во животот и искористување на нивниот креативен и бистар ум за реализација на феноменални идеи.