Направете кафе „Шакерато“ за 5 минути: Рецепт за кремасто кафе без млеко

За „Шакерато“ не се потребни многу состојки, само кафе и мраз, а може да си играте и со други адитиви како слатки сирупи и додатоци или алкохол.

Направете кафе „Шакерато“ за 5 минути: Рецепт за кремасто кафе без млеко

Можете да добиете пенест крем врз еспресото и без млеко или апарат за кафе. Италијанците ја усовршиле уметноста за подготовка на убаво кафе на секој можен начин, а нивниот омилен летен пијалак е еспресо „Шекерато“, идеален за секој кој сака да ужива во вкусот на силната арома.

Кафето „Шакерато“ добро одговара со сладолед од ванила или шлаг, а Италијанците, исто така, го послужуваат и со парче лимон. Традиционално се става во чаши за шампањ или мартини, а најубав украс врз цврстата пена се зрната кафе.

Потребни состојки за еспресо „Шакерато“:

  • 2 кратки еспреса
  • 1 лажичка шеќер
  • 4 коцки мраз

Начин на подготовка:

  1. Направете еспресо и во него растопете го шеќерот.
  2. Наполнете го шејкерот со мраз, па додајте го еспресото.
  3. Тресете силно 30 секунди, па сипете го кафето во изладени чаши.

А, ако го направите утринското кафе на овој начин ќе ја излечите и тироидната жлезда, анемијата и болките во коските!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар