Мексиканско кафе со цимет

Уживајте во егзотичниот вкус на Мексико!

Потребни состојки:
  • 350 милилитри свежо подготвено црно кафе (препорачуваме да биде од мексиканско или гватемалско потекло)
  • 1 супена лажица кафеав шеќер
  • 1 кафена лажичка цимет во прав
  • Циметово стапче
  • Шлаг пена
Начин на подготовка:

Подгответе го црното кафе според вашиот омилен метод. Но, користете квалитетно зрно со цел да добиете најдобар и најбогат вкус. Додајте го шеќерот во кафето и мешајте додека не се растопи. Додека сè уште мешате, додајте и прстофат цимет.

Декорирајте го кафето со што повеќе шлаг пена можете и на врвот просејте уште малку цимет. За последниот детаљ, додајте и стапче цимет. Уживајте во вкусот на Мексико!

Прочитајте ги и овие 9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знае!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар