Ледено тајландско кафе за будење на сите сетила

Ледено тајландско кафе за будење на сите сетила

Вашиот омилен (без)алкохолен кофеински пијалак

Потребни состојки:
  • Силно филтер црно кафе, доволно за 4 шолји
  • 2 лажички изрендан кардамом
  • 60 милилитри засладено кондензирано млеко (повеќе по желба)
  • 1 лажичка екстракт од бадем (за безалкохолната верзија)
  • 90 милилитри Амарето (за алкохолната верзија)
  • Здробен лед

Начин на подготовка:

Додајте го кардамомот во смеленото кафе, а потоа подгответе го на вообичаениот начин. Сипете го кафето бокал, па додајте Амарето (доколку сакате алкохолен коктел) или екстракт од бадем (доколку сакате безалкохолен пијалак). Мешајте додека состојките не се соединат целосно.

Наполнете 4 чаши со искршен мраз, па сипете го кафето во секоја од нив и додајте по околу 1 супена лажица засладено кондензирано млеко. Доколку сакате поблаг вкус, слободно зголемете ја дозата на млекото. Уживајте во вашиот пијалак!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар