ТВ серија: Волшебнички (Charmed)

По трагичната смрт на нивната мајка, три сестри откриваат дека се моќни вештерки

Главни улоги: Мелони Дијаз, Маделајн Менток, Сара Џефри

Жанр: драма, фантазија

Креатори: Џесика О’Тул, Ејми Рардин, Џени Снајдер Урман

Премиера: 14 октомври 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 4.00 од 10)
Loading...

 

Се сеќавате на популарната ТВ серија „Волшебнички“ од 98-ма година? Секако. Кој би можел да ги заборави Пру, Пајпер и Фиби? И Пејџ! Оваа приказна за трите сестри со магични моќи беше една од најпопуларните во доцните 90-ти и раните 2000-ти, па затоа и воопшто не е чудно што добива втора шанса на малите екрани.

Овој пат, го следиме животот на нови три сестри – Мел (Мелони Дијаз), Меги (Сара Џефри) и Мејси (Маделајн Менток) кои по загубата на својата мајка ќе сфатат дека реалноста е многу поинаква одошто мислеле. Тие живееле сосема нормален тинејџерски живот пред будењето на нивните моќи, кои мора брзо да научат како да ги користат доколку сакаат да преживеат.

Покрај овие три девојки, мора да се спомне и Хери Гринвуд (Руперт Еванс), кој додава интересна и хумористична страна на најчесто застрашувачките сцени. Тој е нивниот советник и заштитник, оној што ќе им помогне полесно да го направат преминот кон новиот, мистериозен свет. Тој исто така ќе им ја даде и познатата Книгата на сенките, која ќе ги води во идните авантури.

Па, ако сте расположени за носталгично патување во вашето детство, но со нови и свежи ликови, и малку помодерна верзија на познатата приказна, тогаш оваа ТВ серија може да биде совршеното викенд бегство за вас. Дури и да не сте ја гледале оригиналната серија, а сте љубители на фантазијата, ќе уживате во „Волшебнички“!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар