Ледено мартини со кафе и какао

Совршено за добар почеток на викендот!

Потребни состојки:
  • 50 милилитри вотка
  • 50 милилитри ладно филтер кафе
  • 1 кафена лажичка какао во прав
  • 25 милилитри Калуа
  • Искршен лед
  • 1 кафена лажичка чоколадни трошки
Начин на подготовка:

Додајте ги првите 5 состојки во шејкер за коктели и тресете го силно околу 15-тина секунди, па претурете во оладена чаша за мартини. Посејте чоколадни трошки одозгора и пијалакот ви е подготвен за послужување!

Ви се допадна овој рецепт? Пробајте го и оригиналниот рецепт за Еспресо Мартини!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар