Ледено кафе со чоколадо и сладолед

Зимско кафе што му пркоси на студот

Потребни состојки (за две кафиња):
  • 40 грама црно кафе
  • 2 кафени лажички шеќер (по желба)
  • 600 милилитри полномасно млеко
  • 4 топки сладолед од ванила + 2 топки за декорација
  • Парче чоколадо или чоколадно колаче
  • Чоколаден сируп
  • Какао во прав
  • Шлаг пена (по желба)
Начин на подготовка:

Ставете ги изладеното млеко, шеќерот, кафето во прав и сладоледот од ванила во блендер. Матете додека не добиете смеса која наликува на смуди. Сипете половина од мешавината во висока чаша која претходно ќе ја декорирате со чоколаден сируп. Додајте топка сладолед и чоколадо за декорација и посипете малку какао во прав. Слободно додајте и шлаг пена, доколку сакате да добиете поблаг пијалак.

Пробајте го и ова домашно подготвено ледено кафе со јаворов сируп.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар