Кафе-позадина за вашиот десктоп #29
Пролетта пристигна. Времето полека се затоплува, денот почнува да трае подолго, а во природата околу нас, сè поприсутна станува зелената боја. Па, да бидеме во тек со временската сезона. Оваа позадина е вистински одмор за очите. Направете пролетна кафе пауза со тазе сварено кафе, сервирано во убава шолја. На здравје!

