Кафе – како да го направите вашиот омилен пијалак поздрав?

Пиењето кафе во нормални количини е добро за вашето здравје. За некои луѓе тоа претставува единствен извор на антиоксиданти во текот на денот доколку не обожуваат да консумираат свежо овошје и зеленчук. Во продолжение ви претставуваме како здравото кафе да го направите уште поздраво.

Кафе – како да го направите вашиот омилен пијалак поздрав?

Исфрлете го кофеинот после 2 часот попладне

Кофеинот е симулант и затоа е една од причините кои го обожуваме многу. Тој ни дава енергија и ни помага да останеме подолго време будни, дури и кога уморот веќе нè совладал. Но, доколку консумираме кафе во претпладневните часови, тоа може да влијае на нашиот сон, а недостатокот на сон може да предизвика голем број здравствени проблеми. Затоа многу е важно да не консумирате кафе во претпладневните часови. Завршете со пиење кафе до 2 часот, а подоцна можете да се напиете чај кој содржи помалку кофеин.

Не претерувајте со шеќерот

Многу е лесно кафето да го претворите во нездрав пијалак, а најлесниот начин е да додадете голема количина шеќер кој се смета за еден од најнездравите состојки во модерната исхрана. Шеќерот обично содржи голема количина фруктоза која е поврзана со појавата на многу здравствени проблеми, како што се дебелина и дијабетес. Доколку не можете да пиете горко кафе, тогаш засладете го со стевија.

Изберете квалитетен бренд на кафе, по можност органски

Исто како и кај другите производи, така и квалитетот на кафето зависи од начинот на изработка, како и од неговото одгледување. За време на одгледувањето, зрната кафе често се третирани со пестициди, хербициди и разни хемикалии кои не би требало да се консумираат. Доколку имате можност, одберете кафе, чии зрна се одгледани по органски пат.

Не користете вештачки засладувачи

Иако ви изгледа како добра идеја наместо шеќер да користите вештачки засладувачи, сепак науката е против тоа. Многу истражувањи покажале дека вештачките засладувачи имаат негативно влијание на здравјето. Наместо тоа, изберете стевија, која е природна алтернатива и не е штетна.

Додајте цимет

Циметот е многу здрав и вкусен зачин кој совршено се вклопува со вкусот на кафе. Научно докажано е дека циметот го намалува нивото на гликоза во крвта, холестеролот и триглицеридите, а неговата комбинација со кафе ќе ве изненади пријатно.

Избегнувајте вештачки и нискокалоричен шлаг за кафе

Шлагот кој се служи по кафулињата може да биде неприроден и штетен. Можеби звучи чудно, но за ваше добро, подобро додајте шлаг со поголем процент маснотии, отколку шлаг произведен по индустриски пат. Некои истражувања покажале дека високомасните млечни производи се поврзани со превенцијата за дебелеење.

Додајте какао

Какаото е богат антиоксидант и има многу лековити својства, вклучувајќи го и намалувањето на ризикот од срцеви болести, па слободно додајте една мала лажичка какао во вашето утринско кафе.

Дознајте и како да препознаете квалитетно кафе.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар