Ако пиете неколку кафиња дневно, сигурно и вие ги имате овие симптоми

Ако сте од оние што веднаш штом ќе се разбудат не размислуваат прво за јадење, туку за кафе, веројатно сте зависни од овој кофеински пијалак. Ако не можете да функционирате без кафе, веројатно сте почувствувале некои од следниве симптоми:

Ако пиете неколку кафиња дневно, сигурно и вие ги имате овие симптоми

1. Се будите вознемирени, мразите сè, особено алармот што ве буди и вашата прва помисла е каде да го пиете првото кафе: на работа или имате време да го испиете дома пред да заминете.

2. Не успеавте да го подготвите кафето дома, доцните на работа, пристигнавте на работа, но нешто ви недостасува. Не можете да почнете да работите пред да ја испиете првата голтка кафе.

3. Го испивте првото кафе, но сè уште сте многу нервозни. Веројатно нема да можете да ги толерирате луѓето до пладне, сè додека кафето што го испивте утрово не „проработи“.

4. Пристигнавте на работа, нема кафе за да си направите, а тоа од кафематот не ви е вкусно. Веднаш барате кафулиња што се блиску до вашето работно место и ја чекате првата можност да направите „кофеинска пауза“.

5. Луѓето околу вас забележуваат промени во вашето расположение пред и по пиењето кафе. Откако ќе го испиете кафето, вие сте највеселата личности и би им помогнале на сите, а пред да го испиете кафето никој не смее да ви се приближи.

6. Вашиот дигестивен систем се навикнува на кафето што го пиете наутро и често трчате директно во тоалет за време на кофеинската пауза.

7. Кај нас нема „Старбакс“, но кога одите во странство и гледате какви „глупости“ мешаат во кафето, почнувате да се прашувате како луѓето можат да го пијат тоа затоа што тоа веќе не е кафето што го знаете и на коешто сте навикнати.

8. Вашата продуктивност на работа расте пропорционално со шолјите кафе што сте ги испиле. Станувате хиперактивни и побрзо ги завршувате зададените обврски.

9. Пиете кафе и попладне, но иако имате чувство дека срцето ви чука забрзано, сепак не се откажувате.

10. Се смеете кога некој ќе ви каже да пие кафе без кофеин. Тоа е како некој да ви рече дека пие пиво, а всушност пие „Радлер“.

Прочитајте кои состојки можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар