ТВ серија: Руска кукла (Russian Doll)

Цинична млада жена од Њујорк постојано умира и се враќа назад, неколку часа порано, на забавата што ѝ е приредена за нејзиниот 36-ти роденден

Главни улоги: Наташа Лион, Чарли Барнет, Грета Ли

Жанр: комедија, драма, мистерија

Креатори: Лезли Хедленд, Наташа Лион, Ејми Поелер

Премиера: 1 март 2019

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10.00 од 10)
Loading...

 

Руската кукла позната како матрјошка или бабушка, е серија од тркалезни дрвени жени со розови образи, скриени една во друга. Секоја од овие насмеани кукли изгледа целосно сè додека не ја свртите и отворите, притоа откривајќи ја нивната шуплина во која се крие друга кукла. Само најмалото девојче, со големина на кикиритка има цврсто јадро. Оваа кукла изобилува со метафори. Исто како и ТВ серијата со истото име.

Руска кукла е една од најдобрите ТВ серии за 2019 година досега. Таа е составена од 8 епизоди и лесно може да се категоризира како драмедија (комбинација од драма и комедија). Дејството се врти околу антихеројот Надја, која се опишува како цинична и самодеструктивна девојка од Њујорк со глас сличен на Марџ Симпсон. Таа полни 36 години, па првата епизода започнува со бледото зјапање на Надја во одразот на огледало во тоалет, на забавата што нејзините пријателки ја подготвиле за неа.

Но, има нешто чудно во врска со овој роденден, нешто што не ја остава Надја на мир. Наместо да ужива со нејзините најблиски, таа си оди порано за да се забавува со непознат странец. Часови подоцна, таа ја забележува нејзината исчезната мачка, па излетува на улица без да погледне дали има автомобил и е удрена од такси… дур трепне, таа повторно е во истиот тоалет каде што ја започна вечерта, избезумена. Што се случи со неа? Дали таа почина? Дали доби втора шанса? Дали можеби го изгуби умот? Ќе треба да ги изгледаме сите епизоди за да дознаеме!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар