ТВ серија: Поврзување (Bonding)

ТВ серија: Поврзување (Bonding)

Двајца средношколски најдобри пријатели се сретнуваат во Њујорк по многу години…

Главни улоги: Зои Левин, Брендан Сканел, Кевин Кејн

Жанр: комедија, драма

Креатор: Рајтор Дојл

Премиера: 24 април 2019

Број на сезони: 1

Времетраење: 15 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 9,00 од 10)
Loading...

 

Најпрво да ве предупредиме дека главниот карактер во оваа ТВ серија, Тиф, е доминатрикс, чија работа е да ги оживува фантазиите на мажите и жените со садомазохистички сексуални потреби. Иако станува збор за комедија, сепак потребите на нејзините клиенти се сликовито претставени. Покрај погледот во нејзината работа, се разработуваат голем број сексуални теми, од едноставното задоволување на потребите и ослободувањето од сексуалниот срам, до наоѓањето начин да се живее со партнер чии сексуални теми ги надминуваат границите на другиот.

Што се однесува до главната приказна, го гледаме и повторното поврзување на Тиф (Зои Левин) и Пит (Брендан Сканел), кои биле најдобри пријатели во средно училиште и одново се пронаоѓаат по многу години во Њујорк. Тиф ќе го покани Пит да ѝ помогне во нејзината работа, и тој без да знае во што се впушта, ќе прифати, притоа станувајќи помошник на доминатрикс. На овој начин тој ќе открие сосема нова страна од себе, но и ќе се потсети зошто тој и Тиф толку добро се согласувале во минатото. Тие се одличен пар од многу аспекти, а ако сакате да дознаете нешто повеќе за нив, пуштете ја првата епизода уште веднаш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар