Што гледа познатиот писател Стивен Кинг на Нетфликс?

Што гледа познатиот писател Стивен Кинг на Нетфликс?

Стивен Кинг е еден од најпознатите и најуспешните писатели во светот. Тој реши да сподели со своите обожаватели какви филмови и ТВ серии гледа на Нетфликс. Во минатото, Кинг се држеше до својот вообичаен вкус: трилер и хорор, но неодамна тој ги прошири своите вкусови, па погледнете што гледа.

1. „5 браќа по крв“ (Da 5 Bloods)

Овој филм зборува за група воени ветерани, а дејството се одвива во џунглите на Виетнам. Кинг вели дека филмот е чудесен, а ние се согласуваме.

2. „Дракула“ (Dracula)

Можете да претпоставите дека оваа серија зборува за животот и смртта на најпознатиот вампир во светот. Нарекувајќи ја паметна и крваво страшна, тој навистина сака да ја изгледате оваа ТВ серија.

3. „Камера“ (CAM)

Овој филм ја следи приказната на млада девојкa која еден ден открива дека нејзина двојничка ги презела нејзините онлајн сесии. Моќна приказна за психолошките ефекти од сексуалната работа коjа сигурно ќе ви остави впечаток.

4. „Пајн Гап“ (Pine Gap)

Стивен Кинг на својот профил на Твитер објави дека ја обожава оваа серија, бидејќи нема експлозии и тепачки. Серијата има една сезона, но тој се надева и за втора.

5. „Куќа од хартија“ (Money Heist/La casa de papel)

Оваа серија многумина ја имаат изгледано, а дали знаевте дека и Стивен Кинг ја обожава? Оние што ја немате гледано, а сакате филмови и серии со многу акција и кражби, тогаш мора да ја погледнете.

Прочитајте кои се моментално најгледаните ТВ серии на Нетфликс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар