Превртено (Flipped)

Превртено (Flipped)

Филм за тоа како работите можат да бидат сјајни на површина, а скапани во сржта (и обратно), за семејството и за детската невина љубов, која не е ни за грам помалку вредна од “возрасната”

Превртено (Flipped)Режија: Роб Рајнер

Играат: Меделин Керол, Келан Меколиф

Времетраење: 90 минути

Јазик: англиски

Премиера: 10 септември 2010

Жанр: комедија, драма, романса

Веб-сaјт

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (50 гласа, просек: 9,54 од 10)
Loading...

—————————————————————————————————————————————————-
Понекогаш, за еден филм атрибутите „добар“ или „лош“ како да не важат и едноставно можеш да кажеш „сладок“. Од онаа слаткост што несвесно ти прави насмевка на лицето и малку ти ги разводенува очите. Не дека гледаш нешто тажно, не дека има патетика или трогателни „Титаник“-сцени, туку успеале да ти ги притиснат вистинските емотивни копчиња и по малку да те направат разнежнет глупак, кој се ѕвери во екранот. Кога би прочитале за содржината на „Превртено“
на IMDB, филмот ќе ви заличи на серија од каналот Дизни, но режисерот Роб Рајнер (The Bucket List, The Story of Us) креира филм, во кој своја длабочина и приказна би пронашол секој, без разлика на возраста. —————————————————————————————————————————————————-

Приказна: Џули Бејкер е креативно девојче кое живее во мало преградие, со часови се губи уживајќи во погледот додека седи на големото јаворово дрво во соседството, а за викендите сака да го гледа татко ѝ додека црта. Нејзиното тивко секојдневие комплетно се превртува откако спроти нивната куќа ќе се досели, како што таа вели – момчето со најубавите очи, Брајс Лоски. Тој е човекот на нејзиниот живот. Ќе биде нејзин и тоа е тоа. Но, нарацијата во овој филм не ја води само Џули, туку и Брајс така што секоја случка ја гледаме „дупло“, и низ очите на едниот и низ очите на другиот, што на секоја случка и дава сосема поинаква перспектива. Брајс нормално не е заинтересиран и на Џули гледа како на чудно опседнато девојче, поради кое му се смее целото училиште.Превртено (Flipped)Нешто што тргнува како приказна за детската љубов, пополека станува мудра „надвор од фокус“ анализа на семејствата, на односите, на пропаднатите соништа, на фрустрациите… Семејството на Брајс изгледа совршено однадвор, додека она на Џули е трн во окото на „перфектните“ набљудувачи. Но, кога малку ќе се загребе под дијамантската или пак калливата површина, сè изгледа поинаку. Покрај брзото сценарио, константно исполнето со по нешто ново, без момент на стагнација, приказната ја надополнуваат и младите актери Меделин Керол и Келан Меколиф. Фантазерско чувствително девојче кое знае дека треба да се бори за тоа што го сака, наспроти прагматично покорно момче кое смета дека единствен начин да се игра е според правилата.Превртено (Flipped)Кинематографија: Приказна сместена во американско преградие во 50-тите години и веќе знаете дека се пие Kока-кола во шишенца, фармерките се носат со подвиткани ногавици и се возат оние убави велосипеди со големи рачки. Атмосферата е светла, а времето пролет или евентуално лето. Некако како „Превртено“ да е сместено во истото маало каде што живееше Веда Салтенфус во „Мојата девојка“ (My girl).Превртено (Flipped) Кога и како да го гледате: Ова е филм за кој било дел од денот, кога сте малку поразжештени, па барате нешто за да ве омекне. Еве го! Се чини дека на повеќето машки, особено мачо-момци, кои бараат мистерии и брзи случувања, нема воопшто да им се допадне, но за останатите е одлично бајадерче. Инаку, не гледајте го сами, повеќе ќе уживате во друштво, со пријатели или пак со момчето/девојката, не ви се мешаме во изборот. Превртено (Flipped)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар