Ова е официјално најстрашниот хорор-филм на сите времиња

Ова е официјално најстрашниот хорор-филм на сите времиња

На гледачите им биле измерени отчукувањата на срцето додека гледале избрани хорор-филмови, а овој филм најмногу ја подигнал просечната вредност на пулсот.

Ова е официјално најстрашниот хорор-филм на сите времиња

Експертите за мерење од платформата „GIGACalculator“ пресметале кои филмови најмногу го зголемуваат срцевиот ритам на гледачите, а на прво место бил хорор-филм од 2018 година, кој многумина го нарекоа еден од најстрашните на сите времиња.

Во истражувањето биле вклучени 150 луѓе кои првпат ги гледале избраните хорор-филмови, носејќи мерач за отчукување на срцето за да го следи нивниот пулс. Филмовите што им биле прикажани биле избрани по истражувањето спроведено на над 2.500 луѓе, кои ги именувале 10-те најстрашни хорор-филмови на сите времиња според нив.

Најстрашниот филм бил „Наследно зло“ („Hereditary“), при што бројот на отчукувања на срцето на оние што го гледале филмот во просек бил 115, што е значителен скок од просечните 60-100 отчукувања во минута.

„Постојат низа причини зошто уживаме да гледаме хорор-филмови“, вели психологот Ли Чемберс. „Прво, тоа е форма на забава. Нашата желба да бараме сензации и да ја избегнеме досадата нè вовлекува во филмови во кои може да се случи нешто морничаво во секој момент. Исто така, ќе успеете да ги откриете границите на сопствените емоции, во удобноста на сопствениот дом или во кино. Можеби ќе бидете преплашени, но ќе бидете на сигурно. Можете дури и да се скриете зад каучот ако сте премногу исплашени. Тоа активирање на емоционалната регулација е моќно и ни овозможува да ги тестираме нашиот страв и вознемиреностa во контролирана средина“, заклучува Чембрес.

Погледнете некои од најдобрите хорор-филмови на сите времиња што ќе ви го покачат адреналинот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар