Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалното - Part 4

Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалното

4. Складиште 13 (Warehouse 13)

Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалнотоГлавни улоги: Еди Меклинток, Џоан Кели, Сол Рубинек, Алисон Скалиоти

Жанр: научна фантастика, драма, мистерија

Премиера: 7 јули 2009

Број на сезони: 5

Времетраење: 45 минути

Наша оценка: 8

Сте размислувале ли некогаш дека можеби би можеле да постојат секојдневни објекти со неверојатна моќ? Моќ да помогнат, но и моќ да уништат. Во оваа ТВ серија станува збор за едно складиште каде што се скриени голем број објекти кои доколку паднат во погрешни раце светот би бил во голема опасност. Во складиштето работат агенти кои се постојано во потрага по нови објекти, но исто така се и чувари на оние кои веќе се пронајдени.

Складиште 13 е забавна ТВ серија која е лесна за гледање, но и многу поучна ако сте доволно внимателни. Со секоја нова епизода можете да извлечете нова поука за животот и за начинот на кој функционираат луѓето. Доколку им дадете шанса на Мајка (Џоан Кели) и Пит (Еди Меклинток) тие со сигурност нема да ве разочараат, а вашето слободно попладне ќе го претворат во интересна и неверојатна авантура.

Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалното


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар